Бошовци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Бошовци
Remove ads

Бошовци или Карабунар (грчки: Μαυροπηγή, Мавропиги; до 1927 г. Καραμπουνάρ, Карабунар[2]) — иселено село во Кајларско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото напуштање во септември 2011 г.[3] било населено со македонско мнозинство.[4] Населението броело 456 жители (2011).

Кратки факти Бошовци Μαυροπηγή, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓало во областа Сариѓол, на 10 км југоисточно од градот Кајлари, во северисточното подножје на планината Сињак, на надморска височина од 740 м.[4] На југ е планината Карталдаг во Кожанско.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Бошовци било мешано македонско-турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бошувци (Bochuvtzi) било село во Џумалиската каза со 150 домаќинства и 430 жители Македонци и 58 муслимани.[5][6]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Бошовци:

На 1 час јужно од Кајлар се наоѓа муслиманското село Кара бунар со 28 куќи и 80 нуфузи (глави на семејства) кои плаќаат данок од 3.980 пјастри, а десетокот изнесува 3.000 пјастри. Во близина на ова село се наоѓа и христијанското [македонско] село Кара бунар со 11 куќи, 15 брачни парови и 21 нуфуз. Нивниот данок бил вклучен во оној на поранешното село, а инание-аскерието изнесувало 630 пијастри. Ова село е на 1 час од Кајлари.[7]

Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Бошовци (Кара-бунар) било македонско село.[5][8] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бошовци (Кара Бунар) имало 290 жители, од кои 210 Македонци и 80 Турци.[5][9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Карабунар (Бошовци) се води како мешано македонско-турско село во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со 65 куќи.[5][10]

Според грчка статистика од 1904 г. во Карабунар живееле 100 Турци и 320 „Грци“.[11]

На почетокот на XX век целото население на Бошовци потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бошевци имало 320 Македонци, сите под патријаршијата.[5][12]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучил во Македонско-одринските доброволни чети.[13]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 471 жител. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 473.[4] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а на негово место се деоведени 48 бегалски семејства[4] или според други извори 40 семејства со 164 бегалци.[14] така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавропиги (Μαυροπηγή), во превод „црн извор“.[2]

Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека словенското (македонското) население имало двотретинско мнозинство, а останатата една третина биле грчки бегалци од Мала Азија и Кавказ.[15] Иако селото прилично настрадало за време на Втората светска војна, во пописот од 1951 г. имало 791 жител.[4]

Во 1970-тите години властите соткриле големи лежишта на јаглен во колината. Во септември 2011 г. рударското претпријатие го откупило земјиштето заедно со градбите и тука го проширил јагленокопот[3], додека сè уште е во тек преселбата на жителите.[16]

Remove ads

Стопанство

Бошовци било мошне богато село кое произведувало жито, а бидејќи располагало со планински пасишта било застапено и сточарството.[4]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Родени во Бошовци

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads