Брезница (Кресненско)

село во Кресненско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Брезница (Кресненско)map
Remove ads

Брезница (бугарски: Брезница, од 1971 г. офиц. Горна Брезница,[2]) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[3]

Кратки факти Брезница, Земја ...
Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 Македонци и 460 муслимани.[4][5]

За време на Балканските војни, во 1913 година селото било окупирано и запалено од страна на грчката армија.

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1923 година била осветена црквата „Свети Атанасиј“.[6]

Александар Климов, роден во село Ложани, Струшко, живеел и бил погребан во селото.Тој учествувал како војвода во Илинденското востание и бил осуден на 101 години затвор од османлиската држава по неговото задушување. Се населил во селото Горна Брезница во 1918 година, каде што бил поставен за учител. Во 2003 година во негова чест во селото бил подигнат споменик, по повод 100 години од избувнувањето на востанието.

Remove ads

Географија и местоположба

Брезница се наоѓа на околу 5 километри северозападно од центарот на градот Кресна низ кој минува главниот пат Е-79 и приближно 30 километри јужно од центарот на градот Благоевград, во подножјето на Малешевските Планини.

Население[4][7]

Повеќе информации Година, Год ...
Население по возраст
од 2011 година
[8]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[9]

Број на население
Вкупно564
Бугари453
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор108

Личности

Починати

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads