Брезно

село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia

Брезноmap
Remove ads

Брезно — село во Општина Теарце, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, сместено во источните падини на Шар Планина, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2]

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брезно живееле 490 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брезно имало 480 Македонци, патријаршисти.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]

На пописот од 2002 година, селото имало само 8 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Брезно е македонско православно село, родовите во селото во поголем број се доселенички.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Чутуровци (3 куќи), нивните предци живееле во старото Брезно. Имаат изумрени родови
  • Доселеници: Јорговци (14 куќи) стари доселеници. Се делат на Смилковци и Сиљановци. Доселени се од мијачкото село Лазарополе, таму нивниот предок Јорго имал задруга од 70 членови, и бил многу богат. Го знаат следното родословие: Гиго (жив на 64 г. во 1947 година) Томе-Цветан- Ќаја. Имаат иселеници во Тетово (седум семејства), Скопје (три семејства), Софија (шест семејства) и во Романија (четири семејства); Милевци (15 куќи) доселени се од селото Милетино. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Бесарабија (две семејства), Романија (две семејства) и во Бугарија (две семејства); Матовци (11 куќи) доселени се од областа Мат во Албанија, го знаат следното родословие: Мано (жив на 60 г. во 1947 година) Василко-Тофил-Митрашко. Имаат иселеници во Тетово (шест семејства), Лешок, Белград (две семејства), Скопје (две семејства) и во Романија (три семејства); Биоловци (8 куќи) стари доселеници, не знаат точно од каде се доселени. Го знаат следното родословие: Ѓуро (жив на 50 г. во 1947 година) Крсто-Младен-Милош; Петерќевци (9 куќи) доселени се од некое околно полошко село, дошол рано Петре. Имаат иселеници во Тетово (три семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Станковци (8 куќи) доселени се од некое место Станкоо поле во Албанија. Имаат иселеници во Лешок, Белград (едно семејство) и во Русе (едно семејство); Џамбазој или Кујовци (8 куќи) доселени се од селото Непроштено. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Русе (две семејства); Тапшаној (3 куќи) стари доселеници. Точно не знаат од каде се доселени. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Варвара.[11]
Remove ads

Општествени установи

Цркви

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads