Булунтули
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Булунтули — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Денес, од селото нема никакви видливи остатоци, освен една чешма, која се наоѓа на местото на некогашното село.
Remove ads
Потекло и значење на името
Турското име на селото е Булатали. Името на селото потекнува од турскиот збор Булунту, што означува „најдено“ (дете), што одговара на личното име „Најден“.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓало во источниот дел на Општина Валандово, на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 460 метри.[3]
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Башибос, до кое има асфалтен пат.
Историја
За време на отоманскиот период селото било познато под името Булатали.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 6,5 км2.[3]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 108 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Булунтули живееле 180 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[6]
Населението на Бунтули значително се намалило во првите децении на XX век. По Втората светска војна бележело мал пораст, за потоа да доживее колебања и пострмен пад во текот на 1970-тите години. Во следната деценија бројот на жители стрмоглаво се намалил, сведувајќи се на 5 лица во 1991 година. Во 1990-тите селото е целосно напуштено.[3]
Според пописот од 2002 година, Булунтули немало ниеден жител.[7]
Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Булунтули било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Булунтули се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Башибос и Кочули.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[14]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads