Бајрамбос
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бајрамбос — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Remove ads
Потекло и значење на името
Турското име на селото е Бајрам Обаси. Името на селото потекнува од турското лично име Бајрам, што означува „прослава, веселба“, како и од турскиот збор оба што означува „голем шатор со прегради или привремено место“ слично на номадите (Јуруци).[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот источен дел на територијата на Општина Валандово, во изворишното подрачје на Анска Река. Атарот на селото се допира со државната гранична линија со Грција (дојранскиот дел на Општина Кукуш, Егејска Македонија), како и со подрачјето на Општина Дојран.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 480 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 16 километри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Бајрамбос е населено барем од средниот век, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Кале на еден километар источно од селото.[4]
Стопанство
Атарот на селото е мошне голем и зафаќа простор од 22,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.887,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 205,2 хектари, додека на обработливото земјиште 107,7 хектари.[3]
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[3]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 110 домаќинства со 230 жители муслимани.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бајрамбос живееле 426 жители, од кои 420 Турци и 6 Роми.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.[7]
Во селото живеело турско население, кое во 1961 година броело 202 жители, а во 1994 година, поради иселувањето на Турците, броело само осум жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Бајрамбос немало ниеден жител.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Турчин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads
Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Бајрамос било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Бајрамбос се наоѓале селата Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Покрај селото Бајрамбос, во ова избирачко место се опфатени и селата Башибос, Булунтули и Кочули.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[4]
- Кале — населба од средниот век
- Водопади
- Ѓаволски Водопад (познат и како Кочулски Водопад) — водопад во близина на селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads