Башибос
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Башибос — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Remove ads
Потекло и значење на името
Турското име на селото е Баша Обаси. Името на селото потекнува од турскиот збор Баша, што означува „глава“, односно некој што е главар, старешина или заповедник (или секој муслиман што не е бег или ага), како и од турскиот збор оба што означува „голем шатор со прегради или привремено место“ слично на номадите (Јуруци).[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Валандово, во изворишното подрачје на Анска Река. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Дојран и Струмица (на еден тесен дел).[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 269 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 14 километри.[3]
Селото се наоѓа на јужните падини на Беласица, на 5 километри од државната граница со Грција.
До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.
Remove ads
Историја
Подрачјето на Башибос е населено барем од римско време, за што сведочат остатоците од населба и некропола на наоѓалиштето Атабасти на еден километар пред селото.[4]
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 224,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 51,3 хектари, додека на пасиштата само 18 хектари.[3]
Во основа, селото нема развиена земјоделска функција. Во него работат продавници.[3]
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 50 домаќинства со 105 жители муслимани.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Башибос живееле 426 жители, од кои 420 Турци и 6 Роми.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 200 Турци.[7]
Башибос е населено со турско население. Селото е мало, но со пораст на бројот на населението во периодот по Втората светска војна. Во 1961 година селото броело 164 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 201 жител.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Башибос имало 170 жители, од кои 169 Турци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 110 жители, од кои 103 Турци и 7 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads
Општествени установи

- Основно училиште „Јени Ѓун“, подрачно основно училиште во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово[14]
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Башибос било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Башибос, во која покрај селото Башибос се наоѓале селата Бајрамбос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Булунтули и Кочули.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Атабасти — населба и некропола од римското време
- Џамии[18]
- Хаџи Адем џамија — главна селска џамија
- Споменици
- Башибоска чешма — главна селска чешма и бугарски воен споменик од Првата светска војна
- Реки[19]
- Анска Река (позната и како Башибоска или Чамдашка Река) — река низ селото
Галерија
- Мост на Чамдашка Река во селото
- Гробиштата
- Мост на Чамдашка Река во селото
- Спортско игралиште
- Сретселото
- Селската чешма
- Селската џамија
- Поглед на селото (2011)
- Селската чешма
- Река низ селото
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads