Бјелашница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бјелашница – планина во централна Босна и Херцеговина. Се наоѓа југоисточно од Сараево и се граничи со Игман. Највисокиот врв на Бјелашница, по кој целата планина го добила името, е висок 2067 м. Други значајни врвови се Крвавац (2061 м), Мали Влахиња (2055 м) и Хранисава (1964 м). Бјелашница на југ се граничи со Ракитница, Неретва на запад, Игман на североисток и Иван на северозапад. Близината со Сараево (20 минути) ја прави Бјелашница популарна туристичка атракција за планинарење и скијање.
Remove ads
Потекло на поимот
Името на планината доаѓа од придавката bijel, што значи "бел".
Геологија
Геолошки, Бјелашница е дел од Динаридите и во голема мера е формирана од секундарни и терцијани седиментни карпи, главно варовник и доломит.
Клима
Убавината на планината ја зголемува ќудливоста на нејзината клима. Таа е резултат на географската положба на Бјелашница во Динаридите, геолошкиот состав и надморската височина. Највисоките делови на Динаридите претставуваат граница на влијанијата на две клими – средоземната и континенталната. Така на Бјелашница се судираат воздушните маси од морето и од планината. Таквиот судир резултира со силни ветрови и дождовни и снежни врнежи во есенскиот период, а во зимскиот до големи количини снег кој се задржува до доцна пролет. Овие климатски специфичност се погодни за развој на зимски спортови.
Средната годишна температура изнесува само 0,7 °C, заради изразито ниските зимски температури. највисоката температура достигнува 24 °C, а најниската -41 °C. Бјелашница во лето е прекриена со зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 м.
Remove ads
Метеоролошка станица
Бјелашница лесно се препознава од далеку по градбите на нејзиниот врв. Откако Австроунгарија ја окупирала Босна и Херцеговина после Берлинскиот конгрес во 1878 година, Австријците речиси веднаш ја инсталирале првата метеоролошка станица на врвот, создавајќи ја првата метеоролошка станица на целиот Балкан. Опремата била заменета во 1894 година со, за тоа време, многу напредна метеоролошка опсерваторија со постојана човечка посада.[4] Станицата сè уште постои и е важна алка во метеоролошките набљудувања на Балканот.
Remove ads
Флора и фауна
До висина од 1900 м, на Бјелашница се наоѓаат шуми и ливади, а над таа висина подрачјето е тревнато со полегната смрека. Највисоките гребени се голи. На Бјелашница живеат волк, мечка, дива свиња, срна, лисица и др.
Зимски олимписки игри 1984
За време на Зимските олимписки игри во 1984 година, на Бјелашница се одвиваа натпреварите во алпско скијање за мажи. За овозможување на овие игри изградена е потребната инфраструктура, од пристапен пат до ски-лифтови на ски-патеките.[5]
Галерија
- Поглед на врвот
- Поглед од врвот Крвавац
- Поглед од врвот Хранисава
- Поглед на Умољани и Бјелашница
- Поглед на врвот Бјелашница (снежни врвови) од Сараево
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads