Ванче Стојчев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ванче Стојчев (Црвулево, 15 февруари 1951 - Скопје, 30 септември 2009 ) — македонски историчар, професор на Воената академија на АРМ, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија. Познат е по тоа што во 1997 година за време на својот престој во Турција, тој го открил црешовото топче.[1]
Remove ads
Животопис
Стојчев е роден на 15 февруари 1951 година во штипското село Црвулево. Завршил воени училишта во Сараево и во Белград, каде што истовремено го продолжил своето образование на Факултетот за политички науки, насока современа историја. Извесен период работел во Центарот за стратегиски истражувања на ЈНА, а во 1986 година магистрирал. По магистрирањето работел во Воено-историскиот институт во Белград каде што го продолжил своето усовршување. Во 1992 година на истиот факултет ја одбранил и докторската теза „Бугарскиот окупациски систем и геноцидната политика во Југославија 1941-1944 година“.
По распадот на Југославија, дошол во Македонија и се вработил на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Во 1995 година бил избран за доцент по предметот воена историја, потоа станал вонреден професор.
Професорот Стојчев е автор на над 180 научни трудови од областа на историјата од антиката до современата историја меѓу кои особено значаен труд е првата воена историја на Македонија. Последна негова книга била „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, која не дочекал да се изпечати.
Добитник е на наградата „13 ноември“ на Град Скопје. До смртта бил професор на Правниот факултет на универзитетот Гоце Делчев во Штип. Починал во Скопје на 30 септември 2009 година.[2]
Remove ads
Надворешни врски
- Воена историја на Македонија - Интервју
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads