Црвулево
село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црвулево — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Remove ads
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа, речиси, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 390 метри.[2]
Селото се наоѓа во долината на реката Брегалница, оддалечено 15 километри североисточно од градот Штип.
Историја
Во близината на селото Црвулево е пронајдена гробница од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.).[3]
Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година, како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Штип, со 28 христијански семејства. Бидејќи османлиската власт ги попишувала само главите на семејствата, регистрирани се следниве родови: Богдан Стојан; Миле Михаил; Стојан Богдан; Михаил Богдан; Нине Тодор; Петри Тодор; Цветко Нине; Јако (Нако) Тодор; Михаил Тодор; Никола Марко; Димјо Павел; Ѓурко Нисе (Чике); Никола Богојо; Стојан Петко; Војо Стојан; Бојо Петко; Војо Петко; Степан Петко; Цветко Степан; Ѓурко Пејо; Стојан Којчо; Јове Стојан; Рајко Стојан; Мартин Стојан; Младен Стојан; Којо Нине; Пејо Марко и Никола Тодор.[4]
Во XIX век, Црвулево било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Remove ads
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 8,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 444 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 321 хектар.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 185 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци и 25 до 50 Власи.[6]
Црвулево е мало село, коешто во 1961 година имало 227 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 106 жители, од кои 96 биле Македонци и 10 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црвулево живеел 51 жител, од кои 42 Македонци, 8 Власи и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 16 Македонци и 2 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Црвулево:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Црвулево, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Таринци. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2322 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[10]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[11]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[12]
- Батулица — осамен наод од римско време;
- Говедарски Пат — населба и некропола од доцноантичко време;
- Кула — градиште од доцноантичко време; и
- Ниви на Веселин Јованов — населба од доцноантичко време.
- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква
- Џамии
Во минатото во селото постоела џамија, од која денес е зачувано само минарето.
Личности
- Родени во или по потекло од Црвулево
- Ванче Стојчев (1951-2009[13]) — македонски историчар и основач на Воениот музеј на Македонија.
Галерија
- Стопански објект
- Улица во селото
- Куќи во селото
- Разрушеното минаре во селото
- Стопански објект
- Панорама на селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads