Ванчо Ѓорѓиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ванчо Ѓорѓиев (р. во Ново Коњарево, Струмичко, 19 април 1964) — македонски историчар и професор на Катедрата за историја при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон Македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.[1]
Remove ads
Животопис

Роден е во 1964 година во Ново Коњарево, Струмичко. Гимназија завршил во Радовиш. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје 1989 година. Во 1992 година се вработил како помлад асистент во истиот Институтот за историја. Магистрирал 1995 година, а докторската дисертација ја одбранил 2002 година, кога бил избран за доцент. Во 2007 година, тој бил избран за вонреден професор, а во 2012 за редовен професор.
Remove ads
Награди
- Добитник е на Манинговата награда за најдобар студент на генерација
- Добитник на Наградата „Гоце Делчев“
Научни трудови
- Петар Поп Арсов. Прилог кон проучувањето на македонското национално ослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997
- Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003
- Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници (превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев), Табернакул, Скопје, 2006
- Подземната Република, Дамјан Груев и македонското револуционерно движење, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2010
- ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013
- Апостол Петков - Кралот на Блатото, Државен Архив на Република Македонија-Македоника Литера - Скопје, 2013
- Анастас Лозанчев, Филозофски факултет - Скопје, 2014
- Трајко Китанчев, Филозофски факултет - Скопје, 2015
- Андон Јанев - Ќосето, Филозофски факултет - Скопје, 2016
- ВМРО 1904-1908. Поглед низ документи, Тримакс - Филозофски факултет - Скопје, 2020
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads