Ванчо Бурзевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ванчо Бурзевски (2 јануари 1916 во Немањици8 мај 2007 во Скопје) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, економист, универзитетски професор и амбасадор.

Животопис

Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938–1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ, тој бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ[1][2] и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. За време на НОБ, Бурзевски бил вклучен во една од најконтроверзните епизоди околу убиството на партизанката Лена Стојчевска.[3]

По Ослободувањето, тој бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.[4]

Remove ads

Трудови

  • Економика на аграрот, учебник, три изданија -1959, 1961 и 1963
  • Економската положба на македонските селани помеѓу двете светски војни, Скопје, 1982
  • Увод во научната работа, учебник, 1981
  • Дијалектиката на Титовото дело, 1983
  • Ефикасна поединечна наобразба, 1983
  • Колонизација и деколонизација на Македонија, 1987
  • Неодминлив развоен период, Скопје, 1999
  • Одбрани статии, библиографско издание, книга I, II и III
  • О колонизацији Македоније, Скопје, 1945
  • Некои аспекти на односите село-град, ноември 1959
  • Ситното стопанство во денешни услови
  • Проблеми на интеграцијата во земјоделството, 1972
  • Значењето на економското натпреварување помеѓу СССР и САД
  • Проблеми во исхраната во светот
  • Зошто Југославија не направи национализација на земјата
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads