Вараждинска жупанија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вараждинската жупанија се наоѓа во северозападна Република Хрватска. Седиштето на оваа жупанија е градот Вараждин.
Remove ads
Географија
Жупанијата го опфаќа подрачјето меѓу Драва на север и Страхинчица, Иванчица и Калничко Горје на југ. Таа се состои од вараждинската Подравина, лудбрешката Подравина и северниот дел на Хрватско Загорје.[1]
Население
Според пописот извршен од 2001 година, Вараждинската жупанија броела 184.769 жители, што е 4,2% севкупната популација на Хрватска. Густината на населението изнесувало 149 жители на км2. Етничкиот состав бил следниот: Хрвати 97,7%, Срби 0,4%, Словенци 0,3%, Роми 0,2% и други.
година на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
Жители | 184.769 | 187.853 | 187.495 | 184.380 | 179.905 | 177.352 | 174.682 | 159.767 | 147.524 | 144.720 | 131.849 | 120.397 | 105.612 | 99.194 | 87.960 |
Remove ads
Стопанство
Во Вараждинската жупанија развиени се: текстилната, прехранбената и дрвната индустрија.
Сообраќај
Жупанијата ја сече автопатот А4 кој ја поврзува со унгарската граница (на север) и Загреб (на југ). По хоризонтала (запад-исток), низ жупанијата минува магистралниот пат кој оди крај реката Драва и ги спојува Марибор (Словенија) и Осјек. Низ жупанијата минува и железничка пруга која ги спојува Загреб (на југ), Чаковец и Будимпешта (на север) и Копривница (на исток)
Знаменитости
Извор
- ЦД-ром: „Насеља и становништво РХ од 1857-2001. године“, Издание на Државниот завод за статистика на Хрватска, Загреб, 2005.
Надворешни врски
- Официјален портал (хрватски)
- www.varazdin-online.com (хрватски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads