Век на понижување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Векот на понижување, познат и како сто години национално понижување — термин кој се користи во Кина за да се опише периодот на мешање во внатрешните работи на династијата Ќинг и Република Кина и обид за нивно потчинување од страна на западните сили и Јапонија во периодот од 1839 до 1949 година.[1]


Терминот се појавил во 1915 година, кога растел кинескиот национализам, како спротивставување на Дваесет и едното барање на јапонската влада и нивното прифаќање од Јуан Шикаи, а потоа Куоминтанг (Кинеската националистичка партија) и Кинеската комунистичка партија го популаризирале поимот.
Remove ads
Историја
Кинеските националисти во 1920-тите и 1930-тите сметале дека Векот на понижување започнал во средината на 19 век, во предвечерјето на Првата опиумска војна. [2]
Поразите на Кина кои се наведени како дел од Векот на понижување се:
- Пораз во Првата опиумска војна (1839 — 1842) од Британците
- Неправедните мировни договори (особено Нанкинг, Вампоа, Ајгун и Шимоносеки)
- Пораз во Втората опиумска војна (1856 — 1860) и уништувањето на Старата летна палата од страна на британските и француските сили.
- Потпишувањето на Договорот од Ајгун (1858) и Договорот од Пекинг (1860 година) за време на Втората опиумска војна, по кои Надворешна Манџурија ѝ се отстапила на Русија.
- Делумниот пораз за време на Кинеско-француската војна (1884 — 1885), која Кина ја загубила контролата врз Виетнам и нејзиното влијание на полуостровот Индокина.
- Пораз во Првата кинеско-јапонска војна (1894 — 1895) од Јапонија
- Нападот на Алијансата од осум нации за да се задуши Боксерското востание (1899–1901) и Боксерскиот протокол со кој биле наметнати репарации поголеми од вкупмиот годишен даночен приход на владата.[3]
- Истовремената руска инвазија на Манџурија (1900) [4][5]
- Британската експедиција на Тибет (1903 — 1904) [6]
- Дваесет и едното барање (1915) за поволен заем и контрола на локалната власт од страна на Јапонија
- Версајскиот договор (1919) со кој германската територија во Кина ѝ била доделена на Јапонија и довел до антиимперијалистичкото движење четврти мај .
- Јапонската инвазија на Манџурија (1931 — 1932)
- Втората кинеско-јапонска војна (1937 — 1945)
Во овој период, Кина била распарчена, и ги загубила скоро сите војни во кои била вклучена и честопати била принудена да дава големи отстапки на големите сили во нееднакви договори.[7] Кина била принудена да плати огромни суми на репарации, да отвори пристаништа за трговија, да даде територии на користење или да отстапи територии (како Надворешна Манџурија, делови од северозападна Кина и Сахалин на Руската империја, заливот Џиаожу на Германија, Хонгконг на Велика Британија, Макао на Португалија, Жанџијанг на Франција и Тајван и Далиан на Јапонија) и да направи многу други отстапки за суверенитет на странските „сфери на влијание “ по воените порази. Чианг Каи Шек, по престрелката со Јапонците во 1928 година, во својот дневник додал категорија со наслов „Одмазда за понижувањето“.[8]
- Династијата Ќинг околу 1820 година, кога се сметала за Небесно Царство и центар на притоточниот систем во Источна Азија
- Британски пароброд ги уништува кинеските воени бродови во Втората битка кај Чуенпи за време на Првата опиумска војна, 7 јануари 1841 година
- Урнатините од Старата летна палата, која била ограбена и уништена од англо-француските трупи за време на Втората опиумска војна во 1860 година
- Карта која ја прикажува загубата на Кина на Надворешна Манџурија за сметка на Русија во договорите од Ајгун 1858 (беж) и Пекинг 1860 (црвено)
- Француските трупи освојуваат кинеска тврдина во Виетнам во Битката кај Нуи Боп за време на кинеско-француската војна, 1885 година
- Јапонски војници обезглавуваат кинески затвореници за време на Првата кинеско-јапонска војна, 1894 година
- Американските трупи се искачуваат по запалените градски ѕидини на Пекинг за време на Боксерската револуција, 1900 година
- Војници на Алијансата од осум нации во забранетиот град по поразот на боксерското востание, 1900 година
- Кинези пушат опиум, 1902 година
- Масакрот во Нанџинг во 1937 година
Крај на понижувањето
Уште за време на склучувањето на Боксерскиот протокол во 1901 година, некои од западните сили сметале дека Протоколот е премногу понижувачки. Како резултат на тоа, американскиот државен секретар Џон Хеј ја изготвил политиката на отворени врати, со која колонијалните сили се спречуваат да ја поделат Кина во де јуре колониите и гарантирал универзален трговски пристап до пазарите во Кина. Со намера да ги ослабне Германија, Јапонија и Русија, политиката била делумно спроведена и била прекината од ерата на воените лидери и јапонските интервенции.[9] Со Договорот Рут-Такахира од 1908 година, САД и Јапонија ја поддржале Политиката на отворени врати, но други фактори довеле до продолжување на понижувањето од кинеска перспектива.[10] Политиката на отворена врата пропаднала во Втората светска војна кога Јапонија ја нападнала Кина.
Во 1943 година, Обединетото Кралство и САД со договор склучен со Кина се откажале од екстратериторијалната јурисдикција и другите привилегии. За време на Втората светска војна, Вишиевска Франција ја задржала контролата врз француските концесии во Кина, но била принудена да ги предаде на колаборационистичкиот режим Ванг Џингвеи. Повоениот кинеско-француски договор од февруари 1946 година го потврдил кинескиот суверенитет над отстапките.
Чанг Кај Шек во 1943 година го прогласил крајот на векот на понижување преку поништување на сите неправедни договори, а Мао Це Тунг тој крај го прогласил по Втората светска војна, при што Чанг го промовирал својот воен отпор кон јапонската власт и местото на Кина меѓу Големата четворка во сојузничките сили во 1945 година, а Мао го прогласил со создавањето на Народна Република Кина во 1949 година.
Remove ads
Слична употреба
Во говорот од 2019 година, индискиот министер за надворешни работи С Џаишанкар го употребил терминот во индиски контекст велејќи: „Индија имаше два века понижување од Западот“.[11][12]
Поврзано
- Опиумски војни
- Боксерска револуција
- Реваншизам
- Неправеден договор
- Концесии во Кина
- Список на кинески договорни пристаништа
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads