Велиште
поранешно село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Велиште или Вилиште — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало околу 3 км североисточно од градот Сер, во подножјето на планината Шарлија.[1]
Историја
Селото постоело во средниот век, но било уништено по доаѓањето на Османлиите во XIV век. Според месното предание, преживеало само семејството Заревци, кое се скрило во длабок дол каде го основале селото Лакос.[2] Во подножјето на Велишка карпа[2] (546 м[1]) се наоѓаат остатоците на црквата „Св. Костадин“ и од старите селски гробишта. Сувото корито, кое минува низ селото, се нарекува Велишко Дере.[2]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads