Византиски симболи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Византиски симболи
Remove ads

Во Византија не постоела голема разлика помеѓу знаме и грб, така што практично е невозможно да се зборува за овие концепти одделно. Сепак, постојат два симболи што во текот на целото постоење на Империјата се протегаат како државни симболи.

Thumb
Знаме кое и денес може да се види во Грција.

Крстот на Константин

Thumb
Константинов крст

Крстот на Константин се состои од златен грчки крст поставен на црвено поле.

Според легендата, на царот Константин Велики во пресрет на решителната битка со римските бунтовници на небото му се појавил крстот и зборовите: „Во овој знак, ќе освојуваш!“ По знакот кој царот во видел на небото тој подигнал црвено квадратно знаме на кое поставил златен крст. Под ова знаме тој ја повел војската во престојната битка. Ова знаме подоцна станува симбол на царството.

Латинско Царство

Thumb
Грб на Латинското Царство

Со падот на Цариград во рацете на крстоносците во 1204 година, воспоставена е Латинското Царство, која се сметала за наследник на Римското Царство. Латинското Царство ја продолжува традицијата на употреба на симболите.

Грбот на Латинско Царство е сочинет од грчки крст на четири дела сече црвена поле, а во секој дел се наоѓа златен заокружен грчки крст.

Возобновувањето на Византија

Во 1261 година Никејскиот император Михаил VIII Палеолог го ослободува Цариград и го победува деспот на Епир и со тоа себе и својата држава ги ги сметал за единствени вистински наследници на Византија, што било илустрирано и на грбот на Царството.

Грб на обновената византиската бил сочинет од златен грчки крст во четири кој на четири дела го сече црвеното поле, додека на секој од четирите делови се наоѓа грчката буква бета (која личи на кириличната буква В) напишана со златножолта боја.

Значење 4В(Б)

Појавата на 4Β е поврзана со Михаил VIII Палеолог, кој наместо латинските опкружен грчки крстови (или, како што некои велат знатници) ги поставил буквите Β. Се смета дека 4Β укажуваат на мотото династијата на Палеолозите и на Византија:

  • Βασιλεὺς Βασιλέων Βασιλεύων Βασιλευόντων

односно

  • Цар на Царевите Царува со Царевите“ (се мисли на Исус Христос)

Кога Стефан Лазаревиќ од Византија ја добил титулата деспот во српскиот грб (кој веќе го содржел, од Византија преземениот, двоглав орел) ќе воведе 4С наместо 4Β. Четирите „С“ на почетокот означувале Србија, Се смета дека Четирите „С“ подоцна го добиваат значењето на српскиот мотото:

  • Само Слогата ги Спасува Србите
Remove ads

Двоглавиот орел

Орелот се појавува во Византија од формирањето на Римското Царство чиј симбол претставува.

Во деветтиот век во Византија, наместо едноглавиот се појавува двоглавиот орел како симбол на Царството кое било свртени и кон Исток и кон Запад (односно и кон Европа и кон Азија). Византискиот двоглав орел се проширил и во земјите кои биле под директно културно и политичко влијание на Царството (Србија, Русија,...). Денес двоглавиот орел може да се најде на грбовите на повеќе земји.

Thumb Thumb Thumb Thumb Thumb
Грбот на Византија од времето на династијата Палеолог Грб на Република Албанија Грб на Република Црна Гора Грб на Руската Федерација Грб на Република Србија. Со штит на телото на двоглавиот орел до четири „С“ слични по дизајн на византиското знаме

Владеењето на Палеолозите

Thumb
Грбот на Палеолозите во Мистра во црквата Св. Димитрија (XV век)

Двоглавиот орел во Византија се појавувал во различни бои, но најдобро е познат како симбол на последните византиски цареви и на морејските деспоти од династијата на Палеолозите.

Грбот на Палеолозите е сочинет крунисан двоглав орел во лет на златна позадина опкружен со црна рамка.

Грбот денес

Поранешниот грб на Палеолозите денес се користи како грб на Цариградската патријаршија, на спортскиот клуб АЕК, и на нововизантиското движење. Знамиња со двоглавиот орел може да се видат низ цела Грција, главно во црковните објекти и на тврдини.

Remove ads

Надворешни врски

Повеќе информации Ромејска култура, Историја на Римското Царство во средниот век ...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads