Вичишта (Костурско)
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вичишта (дијалектно: Вичишча; грчки: Νίκη, Ники, до 1954 г. Βίτσιστα или Βύτσιστα, Вициста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Оваа статија се однесува на село во Костурско. За истоименото село во Голо Брдо, погл. Вичишта (Албанија).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 24 км југозападно од Рупишта и на 8 км југоисточно од Нестрам. Лежи во северните пазуви на Одре, на левиот брег на реката Галешово.
Историја
Во Отоманското Царство
Вичишта порано било македонско село, чии жители биле истиснати од Албанци муслимани.[3] На крајот од XIX век Вичишта било осамено албанско муслиманско село во Костурската каза, обиколено од грчките села Ланга и Скумско од запад, македонските-христијански Езерец и Оловраде од југ и македонското-муслиманско Забрдени од исток. Во статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Вичишта (Вичани, Вицани) погрешно се води како грчко со 160 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вичишта е чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[5]
Грчка статистика од 1905 г. го води Вициста како село со 200 жители „Турци“.[6] Треба да се напомене дека тогаш муслиманите неретко ги нарекувале едноставно „Турци“, не обраќајќи внимание на нивната етничка припадност.
Вичишките Албанци, можеби под влијание на Албанската преродба, како и тие од корештанското изолирано албанско село Сливени, ја задржале наутралноста кон револуционерните борби на македонските соседи.[7]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Вициста (Βίτσιστα) имало 30 муслимански албанојазични семејства.[8]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), Вичишта пред Балканските војни имало 35 куќи на Арнаути муслимани.[9] При неговата посета во за време на Првата светска војна, тој забележал дека селото е сочинето од една голема и четири помали групи на куќи, и претпоставува дека ова може да се должи на видот на сточарство со кој се занимавале жителите, но и поради некакви етнички причини.[10]
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Вичишта е означено како албанско село.[11]
Во Грција
За време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 579 жители,а во 1920 г. нивниот број изнесувал 592.[3]
Во 1924 г. жителите се иселени во Албанија, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото било речиси наполно дојденско, со 121 грчки дојденец од вкупно 123 жители[3][12] или според други податоци било целосно дојденско со 38 семејства сочинети од 131 лице.[13]
За време на Граѓанската војна Вичишта силно настрадало и жителите се повлекле во полските села, но по војната тие се вратиле во селото.[3]
Во 1954 г. селото е преименувано во Ники, во превод победа.
Жителите се занимаваат со одгледување на жито, овошје и по малку со сточарство.[3]
Remove ads
Личности
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads