Волково (Драмско)
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волково (дијалектно: В’лково; грчки: Χρυσοκέφαλος, Хрисокефалос; до 1927 г. Βούλκοβο(ν), Вулково(н)[2][3][4]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било нселено со Македонци-муслимани, кои во разни извори погрешно се наведуваат како „Турци“.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 5 км северно од Зрново и уште толку југозападно од Белотинци.
Историја
Во Отоманското Царство
Во скратерн регистар на тимари, зијамети и хасови во санџакот Паша од 1519 г. селото Волково (В’лкова) се води вака — муслиумани: 14 домаќинства, ергени - 9; немуслимани: 119 домаќинства, ергени - 21, вдовици - 13.[5] Во скратерн регистар на повеќе санџаци од 1530 г. са заведени бројт на муслиманите и немуслиманите во населените места. Селото Волково (В’лкова) е претставено вака — муслимани: 15 домаќинства, ергени - 2; немуслимани: 92 домаќинства, ергени - 8, вдовици - 7.[6] Во дефтерот џа Неврокопскиот вилает од 16 ноември 1636 г. селото Волково (В’лкова) е посочено како село во кое живеат 6 немуслимански семејства.[7] Од сето ова се гледа дека населението доста подоцна го профатило исламот за да обезбедат мир и сигурност на имотот.
Во XIX век Волково веќе било муслиманско село во Неврокопска каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) вели декеа жителите Велково се „Tурци“.[8] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Велково (Velkovo) било село со 75 домаќинства сочинети од 170 муслимани.[9]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | В’лково, доаѓа на запад од Белотинци, 1 час до левиот брег на Панега. Изградено на ридесто место хълмисто место. Жителите се претежно земјодекци. 100 куќи, Турци.[10] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Волково (Вълково) живееле 550 Македонци-муслимани[11] и 60 Роми.[12] Пак според него во селото имало 90 турски и 10 ромски куќи, веројатно кога сè уште не му била јасна состојбата и имал погрешни бројни податоци.[13]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 1.055 жители.[14] Селото настрадало во Првата светска војна, така што во 1920 г. неговиот број се свел на 789 лица.[14]
Во 1923 г. жителите на Волково, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанаскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти, претежно од Понд и Трабзон.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Хрисокефалос во чест на старата базилика „Богородица Златоглава“ (Παναγία Χρυσοκέφαλος) во родниот Ортахисар во Трабзон, подоцна претворена во џамија.[15] Бројот на жители се зголемил со доток на грчки колонисти, првично населени во околните села.[14] На пописот од 1928 г. е утврдено дека Волково било чисто дојденско село со 511 жители (131 семејства).
За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) жителите принудно се преселени во Зрново. По војната само еден дел од селанти се вратиле во него.[14]
Со време дошло до уште бранови на отелување во поголемите бранови. Преку 100 семејства се преселени во Солун, и таму имаат свое здружение.[16]
Населението произведува тутун, жито, компири и други земјоделски произвори, а се занимава и со сточарство.[14]
Remove ads
Општествени установи
- Црква „Рождество на пресв, Богородица“ — главна селска црква
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads