Врања
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врања — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Врања се наоѓа на 24 километри јужно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 230 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.939 км2.
Историја
Османлиско Царство
Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во склопот на Демирхисарската каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врања (Vrania) е село со 80 семејства и 230 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Врања, на СИ од Валовишта 4 часа. Околината ридеста и плодородна. Има црква и училиште. Се чита мешано. 120 куќи, бугарски[1][3]
.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 480 жители, сите Македонци[1][4]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 600 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 2 учители и 31 ученици[1][5].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[6].
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население[1][7]
![]() |
Личности
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads