Врлан
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врлан или Вирлан ([Αναβρυτό, Анаврито, до 1927 Βυρλάν, Вирлан] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 18 километри источно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 493 метри.
Арбур опфаќа површина од 34 квадратни километри[3].
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врлан се состоело од 60 семејства и 172 жители Турци[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 600 жители Турци[5].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 365 жители муслимани. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека муслиманското население било принудено да ги напуштат своите домови. Во 1927 година, селото било преименувано во Анаврито.[6]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 319 жители бегалци.[7], додека во 1940 година селото броело 568 жители.
По крајот на Грчката граѓанска војна, голем дел од населението го напуштило селото. Селото во пописот од 1951 година броело 193 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 374 жители, во 1971 година имало 209 жители, во 1981 година имало 149 жители, додека во 1991 година имало 194 жители[8]. Денеска, населението на селото е 145 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads