Вртолом

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Вртолом
Remove ads

Вртолом (грчки: Άγιος Βαρθολομαίος, Агиос Вартоломеос; до 1928 г. Βαρθολομαίος, Вартоломеос[2], до 1926 г. Βαρθολώμ, Вартолом[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011).

Кратки факти Вртолом Άγιος Βαρθολομαίος, Земја ...
Remove ads

Потекло на името

Селото е наречено според празникот Вртолом во чест на Свети Вартоломеј, кое подоцна е преосмислено според поимите врти и лом, поради врнежите што се случувале на тој ден.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа 9 км источно од Лерин и 5 км источно од Кучковени, во јужниот дел на Леринското Поле, на надморска височина од 670 м.[4]

Историја

Според Тодор Симовски, селото било исклучиво македонско сè до почетокот на XIX век, кога месното население било истерано од Албанци муслимани, кои потоа им ги презеле имотите.[4]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Вртолом како македонско[5] село.[6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вртолом (Vrtolom) е село во Леринската каза со 300 домаќинства, од кои 540 жители Македонци[7] и 500 жители муслимани.[8] Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 125 македонски и 80 муслимански домаќинства,[9] но Симовски смета дека Верковиќ е во грешка, бидејќи во ова време населението веќе било целосно албанско.[4]

На почетокот на XX век Вртолом е заведено како чисто албанско село во Леринската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 360 жители, сите Албанци муслимани.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вртолом се води како чисто албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[11]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 434 жители.[4] Според пописот од 1920 г., во Вртолом живееле 487 жители, но со Лозанскиот договор од 1924 г., но и пред него, целото население, како муслиманско, е преселено во Турција и на негово место се доведени грчки доселеници од Источна Тракија и Кавказ.[12] Во 1928 г. Вртолом е преименуван во Агиос Вартоломеос.[13] Истата 1928 г. селото е евидентирано како чисто доселеничко, со 353 жители (94 семејства).[14]

Со истражувањето спроведено во 1993 г. утврдено е дека селото е чисто „бегалско“, а понтискиот грчки во него е слабо зачуван.[15]

Цркви

Во селото има повеќе цркви:[16]

  • „Свети Вартоломеј“ (главна)
  • „Света Петка“
  • „Свети Вартоломеј“ (друга со исто име)
  • „Свети Архангел Михаил“
  • „Вознесение Христово“

Население

Со текот на децениите, селото покажува намалување на населението, што претежно се должи на иселувањето во големите градски центри и преселбата во странство.[4] Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вртолом, каде спаѓа и селото Станица Баница.

Стопанство

Главни производи на населението се житото и тутунот.[4]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads