Гиновец

село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Гиновец (месно: Гинеец или Гиноец; албански: Gjinovec) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и развиена на национална свест.

Кратки факти Гиновец Gjinovec, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во областа Голо Брдо, на југоисточното подножје на Гиновечка Планина (Mali i Gjinovecit).[1] Лежи околу 3 км западно од границата со Македонија и 4 км од струшкото село Дренок. Од селото извира Требишка Река, која на североисток продолжува низ Требишта, ја преминува границата и се влева во Дебарското Езеро.

Историја

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гиневиц (Ghinevitz) е село со 90 домаќинства со 134 Македонци-христијани и 118 Македонци-муслимани (Торбеши).[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Гинеец имало 210 Македонци-христијани.[2][4]

На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население во Гиневец (Guinevetz) се состоело од 208 Македонци, сите потчинети на Бугарска егзархија.[2][5]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Гиневец имало 26 македонски куќи под егзархијата и 45 торбешки куќи.[2][6] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Гиноец имало 35 македонски христијански куќи со 176 жители и во него работеле црква и училиште.[7] Денешната селска црква „Св. Никола“ е изградена во 1911 г. за што сведочи нејзиниот ктиторски натпис, и е единствената преостаната од трите цркви кои некогаш ги имало во селото. Во оваа црква служел попот Станко Илија Која, православен деец на Македонците во Голо Брдо.

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 18 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи.[8]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Гинеец се води како село од 70 куќи, од кои дел се на православни Македонци, а дел се торбешки.[2][9]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Требишта.

Remove ads

Демографија

Родови

Гиновец е македонско село.

Како православни родови се спомнуваат: Караџевци, Филковци, Трајовци, Којовци (доселени се од селото Којовци крај Лешничани), Говедаровци, Марковци (доселени од дебарското село Бомово).

Главни муслимански родови во селото се: Башовци (имаат православни роднини во струшкото село Дренок), Суљковци и др.[10]

Знаменитости

  • Црква „Св. Никола“ од 1911 г.
  • Селска џамија

Иселеништво

Од православните иселеници има во Скопје, струшкото село Дренок (Башовци).[10]

Личности

  • Станко Илија Која (1889 - 1941) — православен македонски деец и селски свештеник
  • Вело Цфарку (р. 1935) — писател во Албанија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads