Дренок (Струшко)
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дренок — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
За други истоимени места, погледајте Дренок.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Од оваа причина понекогаш се вбројува во областа Голо Брдо. Селото е планинско, на надморска височина од 1.095 метри. Од градот Струга е оддалечено 34 километри.[2]
Селото се наоѓа во областа Дримкол, на североисточните падини под врвот Радуч на планината Јабланица.
Соседни села на селото Дренок се: Гиновец од запад, Требишта и Долгаш од север и североисток, Буринец од исток, и Модрич од југ.
Remove ads
Историја
Во XIX век, Дренок било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Во 1902 година, во селото бил создаден месен комитет на ВМРО. Во 1943 година, пак, бил создаден народноослободителен одбор во селото.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 610,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 55 хектари, а на обработливото земјиште само 39,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита функција.
Население

Според податоците од 1873 година, селото имало 150 домаќинства и 480 жители мажи.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дренок имало 500 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренок имало 512 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Селото е мало, во фаза на целосно раселување. Во 1961 година броело 144 жители, додека во 1994 година селото имало само двајца жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дренок живееле 2 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 Србин.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Дренок е македонско село.
Според истражувањата од периодот меѓу 1935/37 година родови во селото се:
- Староседелци: Трајановци или Трановци (19 к.) и Танасковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), Трпеновци (1 к.), Мишановци (1 к.), Грујовци или Перчуковци (2 к.), Гулимановци (4 к.), Гаџовци (11 к.), Дуковци (3 к.) и Ѓуровци (3 к.) помеѓу староседелските родови има и еден домазет од Себишта.
- Доселеници: Башовци (3 к.) доселени се од соседното селото Гиновец (денес во Албанија), во Гиновец имаат роднини муслимани; Гуговци (1 к.) доселени се од селото Гугово кај Солун/Воден; Чупевци (1 к.) они се многу стар род во селото, и за тоа не знаат точно од каде се доселени; Чижбановци (4 к.) доселени се од селото Извор во Голо Брдо (Албанија); Петановци (2 к.) доселени се пред околу 170 години од селото Луково; Оручевци (2 к.) доселени се од Радоежда и Макелари од другата страна на границата во Долен Дебар (денес Албанија); Божиновци (2 к.) доселени се најверојатно од селото Луково; Спанчевци или Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Стеблево, Голо Брдо таму имаат род под името Спанчевци; Стојковци (1 к.) доселени се пред војната од 1912, се доселил Трпко со неговата мајка од селото Требишта, Голо Брдо. А во Требишта се доселиле од некое село во Дебрца, од каде избегал дедото Стојко, најпрво во Дебар, па во Требишта; Драповци (1 к.) доселени се од селото Стеблево, Голо Брдо во 1920 година.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Дренок, се наоѓале и селата Буринец, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Дренок било дел од некогашната општина Модрич, во која влегувале селата Дренок и Модрич.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1886, сместено во селото Модрич, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Модрич.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[16]
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Археолошки наоѓалишта[17]
- Манастирец — сакрална градба од доцниот среден век; и
- Св. Спас — средновековна црква.
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква; и[18]
- Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во 1889 година.[12]
- Манастир „Св. Архангел Гаврил“ — поранешен манастир
- Реки[19]
- Дреночка Река — поминува низ селото, притока на Црн Дрим
Remove ads
Личности
- Родени во Дренок
- Лазар Димитров (1869-1945) — македонски револуционер
Иселеништво
Како и од многу села во Македонија, така и од ова село има многу иселено население. Некои родови од ова село се изумрени како: Џунгуловци, Бутиновци, Журловци, Николовци, Илијевци, Љушовци (од кои некои избегале во Битола).[12]
Галерија
- Поглед на Дренок
- Обновени куќи во Дренок
- Спомен-плочи во црковниот двор на „Рождество на Пресвета Богородица“
- Стара куќа во селото
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads