Гладница (Драгоманце)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гладница — археолошко наоѓалиште во кумановското село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане. Претставува некропола од доцната антика.
Во селото, на левиот брег на Пчиња се гледаат гробови издлабени во карпа. Селаните од соседното село Пузајка, во 1970 г. раскопале повеќе гробови, оштетени од порано. И во нивата на Киро Крстевски биле откриени гробни конструкции во кои се најдени скелетни погребувања и гробни прилози (прстени). Некрополата се врзува за наоѓалиштето Гладница во нивите на манастирот „Прохор Пчински“ каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, архитектонска пластика и градежен материјал.[1]
Remove ads
Поврзано
- Гарвани Камен — некропола од средниот век
- Селиште — населба од римското време;
- Драгоманце;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads