Пузајка
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пузајка (именувано и како Пузаљка) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од десната страна на реката Пчиња. Селото има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 400 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 27 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат во една долина помеѓу соседните села Драгоманце на југоисток и Коинце на северозапад.[3]
Селото има мошне мал атар, од само 1,7 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 99 хектари.[2]
Пузајка има збиен тип. Како маала на селото се споменуваат Дршљанско, Киринско, Пирајско Маало и други.[3]
Remove ads
Историја
На 500 метри западно од селото („под село“) се наоѓа месноста Црквиште, на која некогаш постоела црква и гробишта. Остатоци од храмот и гробовите може да се забележат. Се претпоставува дека тоа припаѓало на некоја постара населба, која се наоѓала на денешното село Пузајка.[3]
Денешното село Пузајка е млада населба, основана околу 1860 година од страна на три домаќинства од соседното село Драгоманце.[3]
Во XIX век, Пузајка било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
До крајот на турското владеење, Пузајка претставувало одвоено маало на Драгоманце.[3]
Remove ads
Стопанство
Поради распореденоста на атарот, селото главно се занимава со полјоделство.[2]
Покрај полјоделството, во селото уште од неговото основање било застапено сточарството.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пузајка имало 136 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пузајка имало 120 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Населбата е мала, којашто во 1961 година имала 134 жители, од кои 108 биле Македонци, а 26 Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 63 жители, од кои 50 биле Македонци и 13 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Пузајка имало 54 жители, од кои 48 Македонци и 6 Срби.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Дршљанци (7 к.) и Киринци (5 к.) доселени се околу 1860-1870 година од селото Драгоманце. Таму им се роднини Попиќевци, Брзаци. Бегови и Мацанци. Подалечно потекло овој род има од околината на Параќин во Србија (од селото Поповац). Во родот Дршљаци се знае следното родословие: Дончо (жив на 40 г. во 1972 година) Саздо-Младен-Јован-Дршљан кој се доселил во селото; Баба Донкини (2 к.) потекнуваат од Младен кој дошол како домазет од селото Герман во Кривопаланечко; Јованоски (1 к.) потекнуваат од предокот Начко кој се доселил исто така од селото Герман. Таму овој род припаѓал на родот Косовци кои подалечно потекло имаат од Косово; Пирајци (3 к.) доселени се од селото Бајловце; Димитријоски (1 к.) доселени се однекаде; Гривинци или Призеткови (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Драгоманце.[3]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Пузајка се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Remove ads
Иселеништво
Родот Пузаљчани (6 к.) се иселил во кумановското село Сушево. После војната иселувањата биле кон градовите Куманово, Скопје и Белград.[3]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


