Глибовци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глибовци или Глобоштица (грчки: Καλοχώρι, Калохори, до 1926 г. Γκλαμπόφτσα, Глабовца[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 158 жители (2011).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Глибовци се наоѓа во Валовишката околија во чии рамки административно влегува во составот на општината Палмеш[3]. Сместено е западно од Валовишта и северно од Кукуш во подножјето на Беласица на надморска височина од 260 метри[3]. Селото е поврзано со внатрешноста на земјата со патот кој од Кукуш води за Валовишта и за Кулата, како и со железничката пруга Солун - Софија - Истанбул.
Историја
До 1924 година, Глибовци било чисто македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Глибовци живееле 240 жители, сите Македонци.[4] По нивното принудно иселување во Бугарија во 1924 година, тука биле сместени бегалски семејства. Во 1926 г., името на Глибовци му било применувано во Калохори, што значи „добро село“.[2]
Стопанство
Во селото се произведуваат претежно жита и компири, а населението помалку се занимава и со сточарство[5].
Население
Во пописот од 1913 година селото е евидентирано само со 193 жители, додека во 1920 година Глибовци имало 174 жители. По принудното иселување на македонското население и доселување на бегалските семејства во 1928 се води со 218 жители, во 1940 имало 444, во 1951 со 368, во 1961 со 339, за да опадне во 1971 на 283, во 1981 на 243, а во 1991 се намалила на 195 жители.
Remove ads
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads