Глобочани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глобочани или Глобочени — село во Мала Преспа, во состав на Општина Пустец, Областа Горица.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Мала Преспа, на околу 8 километри јужно од македонско-албанската граница.
Глобочани граничи со следните села: од северната страна со селото Долна Горица и од јужната страна со селото Шулин.
Историја
Глобочани е старо, повеќевековно село во кое отсекогаш живееле Македонци христијани.
Најран пишан документ за селото е од 1337 година, потоа се спомнува во Слепченскиот кодик во XVI и XVII век.
За време на револуционерните борби постоела месна чета од околу 20 души која ја предводел Јоше од селото Подмочани.[1] Во Втората светска војна селото е запалено и од 40 куќи останале 16.[2]
Економија
Демографија
1900 година според бугаринот Васил К’нчов селото броело 248 Македонци православни. 1948 година селото имало 16 куќи со 84 жители.
Година | Население |
1900 | 248 |
1926 | 472 |
1945 | 346 |
1960 | 217 |
1969 | 239 |
1979 | 252 |
1989 | 299 |
2000 | 294[3] |
Родови
Во селото и ден денес живеат Македонци, родовите во селото се:
- Бојчевци
- Баруљовци
- Калешковци
- Малевци
- Ничовци
- Србиновци
- Танчевци
- Тушкаровци
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Илинден Спасе
- Стерјо Спасе
- Ѓорѓи Тане Архивирано на 27 септември 2007 г.
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads