Долна Горица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долна Горицаmap
Remove ads

Долна Горица — село во Општина Пустец, Област Горица, југоисточна Албанија. Селото се наоѓа во географската област Мала Преспа.

Кратки факти Долна Горица Goricë e Vogël, Држава ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено под источните падини на планината Сува Гора и излегува на заливот Завир во Преспанското Езеро. Осровот Голем Град е на растојание од околу 5 км.

Историја

Истражување на крајот на XIX век покажува постоење на 75 куќи и 67 машки македонски жители.

Во февруари 1996 г. во селото се одржува конференција на која присустуваат членови на Владата на Република Македонија каде се разговара за македонското малцинство во Албанија. Во 2013 г., името на селото Goricë e Vogël се менува во македонското име Долна Горица.

Култура

  • Во 2002 х. во селото се отвора библиотека исклучиво со книги на македонски јазик.
  • Споменик на Македонците - бегалци од граѓанската војна во Грција е откриен во селото во 2013 г.
  • Долна Горица е седиште на Денот на виното, кој се одржува секоја година во декември.

Демографија

Според Васил К’нчов во 1900 г. селото броело 42 православни Македонци[1]. Архивирано на 15 мај 2007 г.

Година Население
1900 42
1926 511 (со Горна Горица)
1945 149
1960 108
1969 210
1979 271
1989 253
2000 364 Архивирано на 11 февруари 2012 г.

Родови

Долна Горица е македонско село.

Родови во селото се: Вурмовци (доселени се од Туминец во 1955 година), Горичени, Доневци, Трајковци, Калешковци, Шумкаровци и Шулиновци (доселени се од Шулин).[2]

Remove ads

Општествени установи

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads