Гласилна избувна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Гласилна избувна согласка (глотален плозив) — вид на согласка што се јавува во многу јазици и се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Во македонскиот овој глас е претставен со цртичка во извиците „ех-ех“ (недоверба), „мх-мх“ (кога нешто е вкусно) и сл.

Кратки факти Гласилна избувна согласка, ʔ ...

Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со ⟨ʔ⟩. Гласот се создава со затворање на гласилката (глотис) во грлото.

Remove ads

Особености

Гласилната избувна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
  • Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Бидејќи гласот не се создава со воздушен тек по јазикот, за оваа согласка не важи двојбата „среднастранична“.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads

Јазици

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads