Гласилна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гласилна (грклена или глотална)[1] — согласка што се создава со гласилката („глотис“).[2] Многу фонетичари ги сметаат (барем струјните) за преодни состојби на гласилката без место на творба какво што имаат другите согласки, а некои воопшто не ги сметаат за согласки. Како и да е, гласилните гласови во многу јазици играат улога (т.е. се однесуваат како) согласки. На пример, во литературниот арапски јазик, највеќето зборови се образуваат од корен (основа) што се состои од три согласки и се вметнува во шаблонизирани состави на гласови. Гласилните согласки /h/ и /ʔ/ може да стојат на било кое место во трисогласната основа, исто како „нормалните“ согласки како што се /k/ и /n/.
Remove ads
Гласилни согласки според МФА
Според меѓународната фонетска азбука (МФА), гласилни согласки се следниве:
Особености
Во контекст на гласилните согласки, „струјните“ гласови не се вистински струјни согласки, туку поимот се користи од историски причини. Овие гласови претставуваат преодни состојби на гласилката (фонација) без конкретно место на творба. [h] е безвучен преод. [ɦ] е мрморен преод, и може да се претстави како [h̤].
Гласилната избувна согласка се јавува во многу јазици. Честопати на сите самогласни почетоци им претходи гласилна избувна согласка, како во германскиот јазик. Во хавајскиот, овој глас се претставува со апостроф (‘). Некои азбуки за оваа цел имаат дијакритички знаци, како што е хамзата ⟨ء⟩ во арабицата. Многу јазици во Средна Америка ја користат латиничната буква ⟨h⟩ за гласилната избувна согласка, додека малтешки ја користи буквата ⟨q⟩.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads