Гласилна избувна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гласилна избувна согласка (глотален плозив) — вид на согласка што се јавува во многу јазици и се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Во македонскиот овој глас е претставен со цртичка во извиците „ех-ех“ (недоверба), „мх-мх“ (кога нешто е вкусно) и сл.
Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи согласката со ⟨ʔ⟩. Гласот се создава со затворање на гласилката (глотис) во грлото.
Remove ads
Особености
Гласилната избувна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
- Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Бидејќи гласот не се создава со воздушен тек по јазикот, за оваа согласка не важи двојбата „средна–странична“.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads
Јазици
Remove ads
Поврзано
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads