Големо Острени

село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Големо Острени (албански: Ostreni i Madh) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.[1]

Кратки факти Големо Острени Ostren i Madh, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи североисточно од Оржаново и западно од Мало Острени, на 4,5 км по воздушна линија од границата со Македонија.

Историја

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Острење (Ostrénié) било село со 163 домаќинства со 315 жители Македонци-муслимани (торбеши) и 108 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Големо Острени живееле 30 Македонци-христијани и 500 Македонци-муслимани.[4] Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[5]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Мало и Големо Острени се заземени од торбешите (потурчени Македонци) во тие села, и веќе нема останато Македонци-христијани, освен две куќи во второспоменатото.[2][6]

Според статистика на весникот“ во 1911 г. во Мало и Големо Острени имало 14 македонски христијански куќи под врховенството на Бугарската егзархија и 230 торбешки куќи.[2][7] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Големо Острени ималоло 2 македонски хритијански куќи со 10 жители.[2][8]

По податоци на егзархијата на крајот од XIX век во Големо Острене имало 2 православни куќи со 10 жители Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Големо Острени (Golemo-Ostreni) имало 16 жители под егзархијата.[2][9]

Во Албанија

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Големо Острени се води како село со 220 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се торбеши.[2][10]

Сè до 2015 г. селото било седиште на тогашната Општина Острени.

Remove ads

Знаменитости

  • Селска џамија

Личности

  • Елез Кочи (1856 – 1916) — политичар и револуцонер во Албанија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads