Мало Острени

село во Голо Брдо, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Мало Острени (албански: Ostren i Vogël) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед.[1]

Кратки факти Мало Острени Ostren i Vogël, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Лежи на 1,5 км југозападно од границата со Македонија, каде од другата страна е селото Отишани, Општина Дебар. На запад е Големо Острени, а на слично растојание на север е Тучепи. Крај селото во северен правец минува Остренски Поток по кој понасевер оди по државната граница и го добива името Мирешница пред да се влее во Црн Дрим кај Миреши.

Историја

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Острење (Malo Ostrénié) било село од 90 домаќинства со 155 жители Македонци-муслимани (торбеши) и 103 Македонци-христијани.[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мало Острени живееле 78 Македонци-христијани и 400 Македонци-муслимани.[2][4] Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[5]

Весникот „Дебарски глас“ во 1909 г. напишал:

Мало и Големо Острени се заземени од торбешите (потурчени Македонци) во тие села, и веќе нема останато Македонци-христијани, освен две куќи во второспоменатото.[2][6]

Според статистика на весникот во 1911 г. во Мало и Големо Острени имало 14 македонски христијански куќи под врховенството на Бугарската егзархија и 230 торбешки куќи.[2][7] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Малестрани имало 12 македонски христијански куќи со 69 жители.[8]

По податоци на егзархијата на крајот од XIX век во Мало Острене имало 12 православни куќи со 69 жители Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мало Острени (Malo-Ostreni) имало 120 жители (христијани) под егзархијата.[2][9]

Во Албанија

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија.

Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Малострени имало 17 православни македонски куќи.[2][10]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Мало Острени се води како село со 100 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се торбеши.[2][11]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Острени.

Remove ads

Родови

Според Миленко Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.[12]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads