Гомати

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гоматиmap
Remove ads

Гомати (грчки: Γομάτι) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Гомати бил дел од општина Ревеник.[2]

Кратки факти Гомати Γομάτι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Гомати се наоѓа на 9 километри западно од градот Ерисово и на 21 км северно од Ревеник, во југоисточниот дел на Халкидик, на надморска височина од 440 метри.

Гомати опфаќа површина од 76 квадратни километри.

Историја

Античка историја

Крај Гомати се наоѓаат многу остатоци од различни антички и средновековни населби - во месноста Градистос (Γραντίστος), Кастро (Καστρί), Пиргос (Πύργος) и Хилиаду (Χιλιαδού)[3].

Крај селото се наоѓа средновековната кула за одбрана на манастирот „Света Богородица“ од 8 век, како и параклис посветен на Свети Атанасиј Атонски. Манастирот бил сместен до населба на име Камен. На патот за Ревеник бил сместен стариот манастир „Свети Четириесет маченици“, женски манастир на Ксиропотамскиот манастир, од кој денес преживеал само еден параклис во светогорски стил од XIX век[4].

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 520 жители Грци[5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 500 Грци[6].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 655 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 595 жители.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото броело 548 жители, додека во 1940 година селото броело 649 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 680 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 783 жители, во 1971 година имало 618 жители, во 1981 година имало 552 жители[7], додека во 1991 година имало 542 жители. Денеска, населението на селото е 591 жител според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Култура

Недостатокот на инфраструктура во областа на користењето на водата е ограничувачки фактор за развој на агротуризмот во селото[8]. Во селото постои градинка, културна асоцијација на жените, како и фудбалски тим, кој се натпреварува во аматерската Б категорија во локалната лига ЕПС Халкидик.

Селото како свој патронат го слави денот 9 март, како и 15 август кога го слави Успението на Пресвета Богородица.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads