Горицко

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Горицко
Remove ads

Горицко или Горенци (грчки: Αγραπιδιές, Аграпидиес или Αγραπιδια, Аграпидија; до 1926 г. Γκόρισκο, Гориско[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 120 жители (2011).

Кратки факти Горицко Αγραπιδιές, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 48 км јужно од Лерин и 1 км западно од Ајтос. Лежи во подножјето на ридот Радош од Невешка Планина, разгранок на Вич (Нередска). Сместено е долж главниот пат од Суровичево за Костур.

Историја

Во Отоманското Царство

Горицко е старо македонско село кое според преданието било обиколено со диви круши (горници). Во XIX век било претворено во чифлик и Македонците почнале постепено да го напуштаат, а на нивно место се населиле Турци.[3] Во селото се гледаат остатоците од старата македонска црква „Св. Харалампиј“. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горицка (Goritzka) било село кое се состоело од 35 домаќинства со вкупно 85 жители Македонци.[4][5] Во следниот период селото е веќе забележано како турско. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Горицко:

Во подножјето на истата планина [Невешка], на крајот од рибното езеро Бламбур, на чиј брег расте трска, е сместено селото Икориска со 15 муслимански куќи. Данокот на ова село е 1.750 пијастри. Околината е планинска.[6]

На крајот од XIX век Ѓорче Петров го завел селото како турско, со 20 куќи.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горенци имало 100 жители Турци и 35 жители Роми.[7] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Горицко имало 25 турски куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 114 жители. Во 1920 г. тука живееле 162 лица.[3] Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Тракија. Така, во 1928 г. Горицко е забележано како чисто дојденско село со 82 жители од 12 семејства.[8] Во 1926 г. е преименувано во Аграпидија.[2]

Во 1940 г. во селото живееле 190 жители, а истиот број е заведен и во 1951 г. Иако делумно настрадало во Граѓанската војна, селото не се ратурило, туку се зголемило поради доселување на извесен број колонисти од Епир, па во 1961 г. се зголемило на 219 жители.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во селото се произведуваат претежно компири и жито.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads