Горно Ботушје

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Ботушјеmap
Remove ads

Горно Ботушје (познато и како Горно Ботуше) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.220 метри.[2]

Селото е сместено на левата страна на помала река, десна притока на Мала Река. Селото е свртено кон југ. Малку ниви се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3]

Во минатото, селото Ботушје претставувало една целина, поделено на два краеви: Горно и Долно Ботушје, оддалечени едно од друго 3 километри. И во двата дела куќите биле поделени на групи (маала), вообичаено групирани по родови, како што и се нарекувале.[3]

До Горно Ботушје води земјен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков, поминувајќи низ селото Долно Ботушје.

Remove ads

Историја

Селото е старо. Во него малкумина се доселиле низ годините.[3]

Во XIX век, Горно Ботушје било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Атарот е заеднички со селото Долно Ботушје и зафаќа површина од 26 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.628,7 хектари, потоа следи обработливото земјиште на површина од 412,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 384,3 хектари.[2]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ботуше (Горно и Долно) имало 410 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ботушје (Горно и Долно) имало 400 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Од Горно Ботушје се иселил голем број од неговото население, така што, селото прераснало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 518 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 44 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Горно Ботушје имало 22 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 2 Македонци и 1 лице без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Горно Ботушје е македонско православно село.[3]

Родови во селото се: Мањовци (30 к.) и Бежановци (6 к.), староседелски родови.

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Горно Ботушје се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0250 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[16]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]
  • Црква „Св. Никола” — главна селска црква.

Редовни настани

Слави[3]

Личности

Родени во или по потекло од Горно Ботушје

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads