Горно Каленик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Каленик — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[2]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа 10 км североисточно од Лерин и 6 км источно од Долно Клештино, во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.
Историја
Во Отоманското Царство
Во османски дефтери на христијанското население на Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото е заведено како Каљаник-и баља со даночни домаќинства.[3]
Во XIX век Горно Каленик било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции)“ го опишал Каљник како македонско село.[4][5] Во неговата етничка карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Горно Каленик како македонско село.[4][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) било село со 90 домаќинства и 254 жители Македонци.[7][8] Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ нашишал дека во селото живеат 72 македонски семејства со вкупно 364 лица.[4][9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно и Горно Каленик имало 394 жители Македонци.[7][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[11]
По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 328 Македонци под егзархијата.[7][13]
Во првите денови на април 1908 г. власта извршиал претрес на селото. Одземени се неколку пушки и револвери.[14]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 356 жители.[2] На пописот од 1920 г. се заведени 309 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Калиники, што е проста грцизација на македонското име.[15]
Во 1940 г. Горно Каленик имало 500 жители. Иако не настрадало позначајно во Граѓанската војна, во 1960-тите селото бележи значајно намалување на населението поради голем бран на иселувања во прекуокеанските земји.[2]
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.[16]
Remove ads
Личности
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото се смета за многу богато. Произведува големи количества жито.[2]
Поврзано
Литература
- Хил, П. Говорот на Каленик [Леринско]. – Die slavischen Sprachen (Salzburg), 1982, No 1, 33—38.
- Hill, Р. The Dialect of Gorno Kalenik. Slavica Publishers. Columbus, Ohio, 1991, 255 p.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads