Долно Каленик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Долно Каленик (грчки: Κάτω Καλλινίκη, Като Калиники; до 1926 г. Κάτω Κάλενικ, Като Каленик[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во северозападниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија. Лежи на левиот брег на Стара Река, 11 км североисточно од Лерин и 7 км источно од Долно Клештино. Селото е од растурен тип, и куќите се оддалечени една од друга.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Долно Каленик било чисто македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Каљник како македонско село.[4][5] На етничката карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Долно Каленик како македонско село.[4][6] ВО „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) имал 90 домаќинства со 254 жители Македонци.[7][8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Горно и Долно Каленик имало 394 жители Македонци.[7][9] По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[10] По податоци на егзаргискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 120 Македонци под егзархијата.[7][11]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[12]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 120 жители[3]. Во овој период, Боривое Милоевиќ го спомнува со 15 македонски домови. Во 1920 г. Долно Каленик имало 127 лица, а неколку години подоцна властите доселиле 24 грчки дојденци од Понд. Во 1928 г. Каленик (Горно и Долно) броело 253 жители, од кои 88 лица (24 семејства) биле грчки дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Като Каленики, што е проста грцизација на македонското име.
Во 1940 г. Долно Каленик имало 368 жители, но за време на Граѓанската војна повеќе Македонци пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Така, во 1951 г. населението се намалило на 35 жители, кои продолжиле да се смалуваат во 1960-тите период поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Иселувањата продолжиле и понатаму, така што селото денес е многу помало отколку во предвоениот период.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано „дојденско-словенојазично“, во кое македонскиот јазик и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.[14]
Remove ads
Личности
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото се смета за прилично сиромашно. Дури и водата за пиење е бунарска и не е добра.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads