Горно Нерези
село во Општина Карпош From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горно Нерези — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.
Remove ads
Географија и местоположба

Горно Нерези е ридско село сместено на западниот дел на северната падина на планината Водно на надморска височина од 600 метри.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 29 христијански[2] и 15 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 89 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 64 мажи муслимани со 2 новороденчиња. Исто така биле забележани и 6 мажи муслимани со своите смејства како тазе доселени во Нерези. Се проценува дека селото во тој период имало 336 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 251 жител.[4]
На крајот на XIX век Горно Нерези било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.[5][6]
На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.[5][7]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 350 Македонци.[9]
Remove ads
Археолошки наоѓалишта
- Градиште — градиште со некропола од доцноантичкото време. На 1 км источно од селото, на северните падини на Водно, на издадена карпеста чука со зарамнет врв во форма на триаголник и со димензии од 110 × 105 м се гледаат остатоци од одбранбен бедем граден од кршен камен и варов малтер. На површината на градиштето се гледаат темели од повеќе објекти и множество градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и монети. На северозападното подножје, при обработувањето на земјата се откриени повеќе гробови градени од камени плочи.
- Св. Пантелејмон — осамен наод од римското време. Во 1967 година, при изведувањето на конзерваторските работи во манастирот, во подот под централната купола на манастирската црква е откриен надгробен споменик од бел мермер со латински натпис. Споменикот е вратен на истото место, со натписот свртен надолу.
Стопанство

Населението главно се занимава со сточарство и полјоделство.
Население
Според пописот од 2002 година, во Горно Нерези живееле 314 жители, од кои: 22 Македонци, 282 Албанци, 6 Турци, 1 Влав и 3 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 51 Македонец, 112 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 6 Бошњаци, 5 останати и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Општествени установи

Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
- „Св. Пантелејмон“ — манастирска црква изградена во XII век;
- „Св. Илија“ — црква осветена на 23 октомври 2016 г. Изградена на место каде некогаш постоел крст со мал параклис, изграден во 1887 година.
- Македонско етносело
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано
- Долно Нерези — некогашно село, денес градска населба меѓу Козле и Тафталиџе II
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads