Неврокоп

град во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Неврокопmap
Remove ads

Неврокоп или Гоце Делчев (бугарски: Гоце Делчев) — град во Пиринска Македонија, во денешната Благоевградска област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Неврокоп Гоце Делчев, Земја ...
Remove ads

Име

Во 1951 година, градот бил преименуван во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој бугарската држава го смета за свој деец.

Географија

Градот е сместен во југоисточното подножје на Пирин Планина, во Неврокопската Котлина. Се наоѓа на 97 километри од центарот на областа Горна Џумаја и околу 200 километри од главниот град Софија. Просечната надморска височина на градот е 545 метри. Градот е распослан на двата брега на Неврокопската Река (наречена и Градска Река), притока на реката Места, која тече три километри источно од градот.

Remove ads

Историја

Антички период

Неврокоп е наследник на древниот град Никополис ад Нестум, кој е основан пред 2 век п.н.е. од римскиот цар Трајан и остатоците од тврдината се наоѓаат на 7 километри источно од Неврокоп. Името Неврокоп е турската форма на грчкото Николопис.

Отоманско Царство

Неврокоп паѓа под Отоманското Царство некаде помеѓу 1374 и 1383 година, кога се освоени Драма и Сер.[1] Градот почнува да се води во отоманскиот катастар за првпат по последното освојување на Солун од страна на Отоманското Царство во 1430 година. Селото се споменувало под името Неврокоп во османлискиот дефтер №525 од 1444 годиа, каде што е опишано како големо христијанско село со 131 домаќинство, 12 неженети и 24 вдовици.[2] Според тоа, Неврокоп во тој период претставува најголемото село во регионот. Потоа Неврокоп се развива мошне брзо и во период од еден век прераснува во доминантно муслимански град.

Според османслиските даночни регистри од 1464/1464 година, во Неврокоп биле регистрирани 208 христијански домаќинства, 50 неженети и 19 вдовици, како и 12 муслимански домаќинства.[3]

Во османлиските даночни регистри од 1478/1479 година во Неврокоп биле запишани 393 христијански домаќинства, 31 вдовица, како и 42 муслимански домаќиства.[4]

Во 80-тите и 90-тите години на XV век, во Неврокоп биле изградени џамија со големо минаре и муслиманско училиште од страна на Мехмед-бег, син на Караџа паша, при што Караџапашината џамија е единствениот османлиски архитектурен споменик во градот, којшто преживеал во сегашноста. Во 1512 година, Коџа Мустафа паша изградил и втора џамија, бања и второ училиште.[5]

Во османлискиот даночен дефтер №70 од 1519 година, Неврокоп се споменува со 167 муслимански домаќинства, 67 неженети муслимани, како и 315 христијански домаќинства, 26 неженети и 69 вдовици.[6]

Порастот на муслиманското население нараснува во 1530 година, кога бројот на муслиманите се зголемува на 295 домаќинства и 52 неженети, а христијаните се 381 домаќинство, 43 неженети и 71 вдовица.[7]

Во 1565 година, султан Сулејман I Величествениот издава ферман за изградба на уште една џамија за спомен на син му Шезаде Мехмед.[5]

Во 1569/70 година, муслиманските домаќинства се 281, а христијанските 385 домаќинства. Според овие бројки, 42 % од населението во градот го сочинуваат муслимани. Во 1530 година имало 5 муслимански и 13 христијански маала, а по 1569 година - 13 муслимански и 6 христијански.[1][8]

Турскиот патописец Хаџи Калфа го споменува Неврокоп како центар на кадилак и забележува дека наликува на мал град со богати слоеви на железна руда. А при посетата на патописецот Евлија Челебија, го опишува градот како голем, убав, со многу џамии и 12 минариња, дервишки текиња, анови, амами, училиште и многу убави куќи, како и резиденции на бројната администрација.[5]

По воените походи што поминале низ Неврокоп во втората половина на XVII век и епидемиите од чумата помеѓу 1699 и 1717 година, во пописот на населението од 1723 година, во Неврокоп биле регистрирани само 86 муслимански и 42 христијански домаќинства.[9] Во тоа време градот имал вкупно 10 џамии.[10]

Во 1906/7 година Неврокоп бил дел од Солунскиот вилает и имал 20 маала, 1432 куќи, 598 продавници, 12 џамии, 2 цркви и не помалку од 8 теќиња. Освен тоа, градот имал 7 муслимански и 2 христијански училишта.[5]

На табелата е прикажан бројот на население на Неврокоп за периодот 1444 – 1723:

Повеќе информации Година, Население ...

Во 1900 година, градот бил центар на Неврокопската каза која вклучувала 123 села и 74 770 жители, од кои 35 310 Македонци христијани,[11], 26 960 Македонци-муслимани[11] и 12 500 Турци.[5]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, населението во градот Неврокоп броело 6 215 жители, од кои 5 000 Турци, 850 Македонци,[11] 190 Власи, 110 Евреи и 65 Роми.[12]

Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Неврокоп имало 1 016 Македонци[11] егзархисти, 288 Македонци[11] патријаршисти 60 Грци и 116 Роми.[13]

Remove ads

Демографија

Thumb
Неврокоп

Според пописот од 2011 година, во Неврокоп имало 19 219 жители.[14]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[15]

националност број %
Бугари[11] 15 703 81,7
Роми 164 0,85
Турци 763 3,97
други 102 0,53
не се самоопределиле 168 0,87
не одговориле 2 319 12,0
Вкупно 19 219 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Неврокоп за периодот 1934-2011:[14]

Повеќе информации Година, жители ...
Thumb
Паркот во Неврокоп
Remove ads

Личности од Неврокоп и околината

Галериjа

Извори

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads