Гојас
сојузна држава во Бразил From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гојас (португалски: Goiás) — бразилска држава, сместена во центарот на земјата. Најнаселена во регионот Гојас се одликува со пејзаж chapadões (рамнини). Преку сувата сезона, ретките дождови ја намалуваат водата во реката Арагуја откривајки скоро двокилометрови плажи, правејќи ги главна атракција во државата. Се граничи со (по стрелка на часовикот од север) Токантинс, Баија, Минаш Жераис, Федералниот округ, Јужно Мато Гросо и Мато Гросо.
![]() | |
Главен град | Гојанија |
Најголем град | Гојанија |
Службен јазик | Португалски |
- Управник | Алсидес Родригес Фиљо |
- Подуправник | Адемир Менезес |
Површина | |
- Вкупно | 340,086 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2007 | 5,647,035 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 16.9/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | 50,536,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 8,992 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2005) | 0.800 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | + |
Remove ads
Географија
Гојас лежи целосно во бразилските висорамнини, сместени во центарот на земјата. Површината лежи помеѓу 750 и 900 м нмв.



Највисока точка на државата е врвот Поусо Алто, со 1676 метри.
Земјата е покриена со савана позната во Бразил како серадо, и има тропски шуми околу реките. Климата е тропска. Просечните месечни температури се движат помеѓу 26 °C (78.8 °F) во најтоплиот и 22 °C (71.6 °F) во најстудениот ден. Годината е поделена на врнежлива сезона (октомври-март) и сува сезона (април-септември).
Remove ads
Историја


Првите европејци во овој дел од Бразил биле експедициите од Саун Пауло во 17 век. Било пронајдено злато покрај реката Арагуаја од експлораторот Бартоломеу Буено де Силва во 168-ра. близу местото основал населба и ја нарекол Санта Ана, која прераснала во колонијалниот град Гојас Вељо, поранешната престолнина. Во 1774-та од пространата внатрешна територија сѐ уште неистражена од европејците била направена капетанијата Општа капетанијаl, и во 1822-ра станала провинција на Бразилската империја. станала држава во 1889-та. Бразилскиот устав од 1891-ва ја преместил националната престолнина во Бразилските висорамнини, и во 1956-та Гојас била избрана како земја од која ќе се создаде федералниот округ, Бразилија. Официјално националната престолнина била преместена во Бразилија 1960-та.
Гојанија, најголемиот град бил предвиден за изградба во 1933 и за преместување на седиштето на државата таму, 110 км северозападно од старата престолнина Гојас, која била тешко достапна. Во 1937-ма престолнината била преместена. Гојанија бил еден од најбрзо растечките градови во Бразил. [се бара извор]
Поради големата површина на земјата, преку 600,000 км2., комуникацијата била отежнета. Северниот делсе шуствувал изолиран за разлика од јужниот и започнал движење за отцепување.Во 1989 северната половина од Гојас станала отделна држава наречена Токантинс.
Remove ads
Демографија

Според БИГС, 2007, државата има 5,750,000 жители. со густина 16,9 ж/км2.
Урбанизација: 88.6% (2006); Прираст: 2.5% (1991-2000); Домаќинства: 1,749,000 (2006).[1]
Национална структура: 2,903,750 Пардо (50.5%), 2,530,000 Бели Бразилци (44.0%), 304,000 Афро-бразилци (5.3%), 11,000 Азијати или Домородци (0.2%).[2]
Стопанство


Сервисот за услуги е најголем од БДП со 43.9%, следен од индустрискиот сектор со 35.4%. Земјоделието 20.7%, (2004). Гојас извезува: соја 49.2%, говедско месо 10.5%, злато 9.1%, други меснтати производи 7.5%, железо 7.4%, кожа 4% (2002).
Удел во Бразилската економија: 2.4% (2005).
Гојас е водач во Бразил по одгледување културни растенија. Бројот говеда во 2000-та надминал 18 милиони, по четири на жител. Гојанија и Апаресида де Гојанија се центри на прехранбената индустрија, Анаполис е центар фармацефтиката.
Remove ads
Тривијалност
Возила: 1,610,972 (март/2007); Мобилни телефони 3,6 милиони (април/2007); Телефони: 1,3 милиони (април/2007); Градови: 246 (2007).[3]
Образование

Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
- Сојузен универзитет Гојас (UFG);
- Федерален Технички Образовен Центар Гојас (CEFET-GO);
- Универзитет Рио Верде Архивирано на 4 февруари 2009 г.;
- и други.
Инфраструктура
Национален аеродром
Модернизација на Аеродром Гојанија ќе биде извршена наскоро. Со новиот терминал капацитетот од 940.000 патници годишно ќе биде 2 милиони годишно.
Автопати
BR-020, BR-040, BR-050, BR-060, BR-070, BR-080, BR-153, BR-158, BR-251, BR-364, BR-414, BR-452.
Позначајни места
- Чапада дос Веадејрос
Е еколошки национален парк познат по диверзитетниот пејзаж и богатата флора и фауна. It is an ecological national park famous for the diversity of its landscape and the richness of its fauna and flora.
- Градот Гојас
Градот е важен по своето историско значење.
- Parque Nacional das Emas
- Пиренополис
Е доста сликовит град во внатрешноста на Гојас, познат по природните убавини, со зачувана архитектура од колонијално време.
Remove ads
Градови



Види: Список на општини во Гојас.
15 најголеми градови според населението (проценка: 01/07/2005, БИГС):
- Гојанија (1.201.006)
- Апаресида де Гојанија (435.234)
- Анаполис (313.412)
- Лузијанија (180.227)
- Агуаш Линдас деж Гојас (159.294)
- Рио Верде (133.231)
- Валпараисо де Гојас (119.493)
- Тринидад (95.300)
- Планалтина де Гојас (94.717)
- Ново Гама (93.081)
- Формоза (90.247)
- Итумбјара (85.724)
- Жатаи (76.100)
- Сенадор Канеџо (71.399)
- Каталао (70.574)
- Градови од туристчки интерес
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads