Сојузни држави во Бразил

најкрупната административна единица на Бразил From Wikipedia, the free encyclopedia

Сојузни држави во Бразил
Remove ads

Бразил е поделен на 26 сојузни држави и еден федерален округ. Ниеден од составниците нема право на оттуѓување. Државите се основани на историски, конвенционални граници создавани низ времето, иако некои граници се обсудливи. Државите можат да бидат делени и соединувани со цел создавање на нови по основа на плебицит. Државите имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата. Тие имаат гувернep и легислативно тело избрани од нивниот народ. Поседуваат исто така и независно судство. Но, сепак го немаат правото да создаваат свои закони.

Remove ads

Историја

Во 1943 г., со влегувањето на Бразил во Втората светска војна, Вергасовиот режим зел директно под своја управа неколку стратегиски територии: Амапа, Рио Бранко, Акре, Гуапоре, Понта Пора, Игуасу и архипелагот Фернандо де Нороња. По војната, првите три територии се претворени во држави, Понта Пора и Игуасу останале територии. Во 1988 г., Фернандо де Нороња е припоен кон Пернамбуко.

Во 1960 г., четириаголниот „федерален округ“ е создаден од Гојас за подготовка на новата национална престолнина, Бразилија. Поранењниот федерален округ станал Гуанабара сè до 1975 г., кога бил слеан со Рио де Жанеиро.

Во 1977 г. Мато Гросо е разделен на две држави. Северниот дел го задржал името Мато Гросо, додека јужниот станал државата Јужно Мато Гросо, со престолнина Кампо Гранде. Новата држава Јужно Мато Гросо ги присоединила териториите Понта Пора и северниот дел на Игуасу. Централен Игуасу преминал под Пара, а Јужен Игуасу под Санта Катарина.

Во 1988 г., северниот дел од Гојас бил претворен во државата Токантинс, со престолнина Палмаш.

Remove ads

Список

Повеќе информации Знаме, Сојузна држава ...
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads