Градобор
паланка во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градобор или Грдобор (грчки: Πεντάλοφος, Пендалофос; до 1953 г. Γραδεμπόρι, Градембори[1][2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.022 жители (2011), сите Македонци.[3]

Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, 10 км северозападно од Солун. Лежи крај левиот брег на реката Галик, на надморска височина од 120 м.[3]
Историја
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Градобор како македонско село.[4][5] Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[6]. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Јирдо-Боре (Yirdo-Bore) е село со 90 домаќинства сочинети од 480 жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 800 жители, сите Македонци христијани.[7][9]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година селото (Gradobor) имал 1.040 жители, сите Македонци[7]. Од нив 780 биле под врховенството на Бугарската егзархија и 260 под Цариградската патријаршија. Во селото работеле две пропаганди — бугарската и грчката, и секоја имала свое училиште.[10]
Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Градобор се состоел од 125 македонски куќи.[11] Истражувајќи ги доселеничките При неговата посета во 1917-1918 г. Милоевиќ евидентирал дека една од куќите му припаѓала на семејство чиј основоположник Коритенец се доселил од селото Коритен околу 1888 г. како домазет.[12]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарите. Меѓутоа, напоредно на нив, месната милиција ја раководел кукушкиот војвода Гоце Междуречки, поставен од Тодор Александров. Поради зачестените напади од грчката војска, бугарските единици морале да се повлечат[13]. Со Букурешкиот договор во 1913 г. Градобор е припоен кон грчката држава, кога имал 822 жители.[3]
Во 1920 г. во селото се евидентирани 740 жители, а во 1928 г. населението се накачило на 907 жители.[3]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство
Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури. Делумно е развиено и сточарството, особено краварството.
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Црква „Успение на пресв. Богородица“ од XX век
Личности
- Атанас Градоборлијата (1860-1903) — револуционер ВМОРО и војвода
- Димитар Златанов Градоборски († 1820) — духовен композитор
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads