Граждани (Дебар)

село кај Макеларе во Дебарско, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Граждани (албански: Grezhdan или Grezhdani) — село во општината Дебар на Дебарската област, источна Албанија. Порано било населено исклучиво со Македонци, од мешана вероисповед.

Кратки факти Граждани Grezhdan, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Долно Поле, во западното подножје на планината Дешат. Лежи недалеку на јутоисток од Ербеле и југозападно од Попинари. На 6 км источно по воздушна линија е границата со Македонија која таму ја образува планината Крчин.

Историја

Во Отоманското Царство

Местото е населено уште од антиката, а понатаму и во средниот век, за што сведочи Гражданското кале над селото. Во 1963 г. е прогласено за споменик на културата.[2]

Селото е споменато во османлиски дефтер од 1467 г. како Гратулани.[1]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граждани (Grajdani) било село со 26 домаќинства сочинети од 34 Македонци-христијани и 38 Македонци-муслимани (торбеши)[3].[4] Според Васил К’нчов на почетокот на XX век Граждани, како и останатите села во Поле како Макелари, Обоки, Ербеле, и слично, било македонско село во процес на албанизација. Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Граждане живееле 85 Македонци-христијани и 100 „Албанци“-муслимани, од кој добар дел несомнено биле торбеши со проалбански склоности[3][5]

Село Граждани до скоро било македонско. Арнаутите дошле малку пред 50 години и тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, кои скоро ќе бегаат.[3][6]

Според податоци на секратарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Граждани (Grajdani) имало 40 Македонци под егзархијата.[3][7]

На почетокот на Првата балканска војна во 1912 шестмина жители од Граждани се пријавиле како доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[8]

Во Албанија

По војната во 1913 г. селото влегло во состав на нодосоздадена Албанија.

а време на Првата светска војна австроунгарската воена управа спровела попис (1916-1918) во деловите на Албанија под нивна окупација, и Граждани е заведено како село со 234 Албанци и 19 Роми, вкупно 253 муслимани. Јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули ги сметатат резултатите од овој попис за точни.[9] Повторно, треба да се напомене дека добар дел од тие „Албанци“ сигурно биле Македонци-муслимани кои се изјаснувале како такви од културни причини.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Граждани се води како село со 40 куќи.[3][10]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Макелари.

Remove ads

Знаменитости

  • Гражданско кале — античка и средновековна тврдина

Личности

  • Даме Христовски — борец во Балканските војни[11]
  • Крсте Василевски (1894 – ?) — борец во Балканските војни, ѕидар[12]
  • Кузман Силковски (1880 – ?) — борец во Балканските војни, столар, претприемач[13]
  • Назиф Граждани (1872/73 - 1937) — револуционер во Албанија
  • Петре Јосифовски (1872 – ?) — борец во Балканските војни жител на Дебар, мајстор[14]
  • Петар Јосифовски — борец во Балканските војни[14]
  • Стојан Радев Стојановски (1894 – ?) — борец во Балканските војни, ѕидар[15], во Првата светска војна носител на орденот „За храброст“ III од бугарската војска[16]
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads