Грбашел
село во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грбашел или Грбасел (грчки: Καστανιές, Кастаниес, до 1927 Γκερμπασέλ, Гербасел)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 9 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.
Грбашел опфаќа површина од 34 квадратни километри[3].
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Грбашел се состоело од 50 семејства и 230 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Грбашел имало 150 жители Македонци[3][5].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 224 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 20 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Кастаниес.[8]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 572 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 779 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 760 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 705 жители, во 1971 година имало 617 жители, во 1981 година имало 599 жители, додека во 1991 година имало 617 жители[10]. Денеска, населението на селото е 595 жители според пописот од 2001 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Родени во Грбашел
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
