Грипа (село)
поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грипа — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало на источните падини на планината Пајак, близу местото кајшто се спојуваат реките Голема (Валија Маре) и Студена (Валија Раци). Лежело меѓу селата Купа и Црна Река.[1]
Историја
Грипа било македонско село распаднато на почетокот на XIX век поради чести напади од разбојнички банди сочинети од турски и албански дезертери од турската војска, месно познати како „тумбулеци“. Жителите се преселиле во селата Баровица и Црна Река. Нивните потомци сè уште го паметат своето потекло. Меѓу нив познато е семејството Шашови.[1] Месноста и денес го носи името Грипа.[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads