Црна Река (село)

село во Гуменџиско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црна Река (село)map
Remove ads

Црна Река (грчки: Κάρπη, Карпи; до 1926 г. Τσέρνα Ρέκα, Церна Река) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 240 жители (2021). Населено е со Власи измешани со Македонци.[2]

Кратки факти Црна Река Κάρπη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 5 км северно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак.

Историја

Во Отоманското Царство

Thumb
Црквата „Св. Ѓорѓи“

На крајот од XIX век Црна Рена било едно од влашките (мегленовлашки) села во областа Влахомъглен. Црквата „Св. Атанасиј“ е од средината на XIX век.[3]

На австроунгарската военна карта е отбелязано като Чернарека (Černareka),[4] а на картата на Кондојанис како Цернарека (Τσερναρέκα), хриситјанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Церна Река (Τσέρνα Ρέκα) било село со 50 христијански семејства.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Црна Река (Църна рѣка) живееле 400 Македонци христијани.[6][7] Меѓутоа, според Густав Вајганд,[8] и Теодор Капидан[9] за разлика од соседните мегленовлашки села Конско, Серменин и Баровица, македонизацијата во Црна Река не била во напредната фаза.</ref>

Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.[10]

Според секретаря на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година в Църна река (Tzerna-reka) има 672 българи патријаршисти и в селото имало грчко училиште.[11]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. во Црна Река имало 165 семејства сочинети од 943 жители Власи и една црква.[12]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τσερναρρέκα) имало 270 пороманчени и 373 патријаршиски власи.[5][13]

След Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се жалат дека училиштето и црквата биле предадени на 40 патријаршиски куќи за сметка на останатите 80 куќи кои сега немале каде да ги исполнуваат своите образовни и духовни потреби.[14]

Во селото правела обиди и бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. во Црна Река имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не го дозволиле отворањето на бугарското училиште поради статуквото.[15]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Црна Река пред Балканските војни имала 125 куќи на Власи христијани.[16]

Во Грција

Во 1912 г. Црна Река е заведена како село со христијанска религија и влашки јазик. На пописот од 1913 г. селото имало 812 жители (423 мажи и 389 жени).[5]

По Балканските војни во 1913 г. Црна Река била припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920 г. 696 жители како последица од Првата светска војна.[2] Во 1920-тите Грчките власти правеле притисок врз извесни жители, поради што се ликвидирани 3 имоти на жители преселени во Бугарија.[5] Во 1926 г. селото е преименувано во Карпи.[5][17]

Во Црна Река немало доселување на Грци, така што во 1928 г. селото е заведено со 846 жители, сите мештани. Во 1940 г. селото нараснало на 1.110 лица.[2]

Селото настрадало во Втората светска војна кога есента 1944 г. било изгорено од германската војска и домашните соработници.[2]

За време на Граѓанската војна во 1947 г. грчките власти ги раселиле жителите на Црна Река во Гуменџе и Горгопик, но по војната жителите се вратиле. Во оваа војна селото дало многу жртви, а одделни борци и семејства биле приморани да се преселат во НР Македонија и некои источноевропски земји. Поради ова, во 1951 г. населението се намалило на 763 жители и продолжило да опаѓа, овојпат поради преселувањето во поголемите градови.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Личности

Thumb
Атанас Бечев
Родени во Црна Река
  • Атанас Бечев (Αθανάσιος Μπέτσης,? – 1912) — селски раководител на грчката пропаганда,[21] убит от българи
  • Трајко Дурчовски (р. 1943) — уметник и поет
  • Трајанос Гагос (1960 – 2010) — папиролог во Грција и САД
Починати во Црна Река
  • Андон Иванов Терзиев — револуционер, деец на ВМОРО, убиен во април 1905 г. кај Црна Река[22] заедно со Тане Тумбенчето[23]
  • Гоне Балабанов (? – 1904) — револуционер на ВМОРО
  • Гоне Дојамов (1880 – 1948), андартски деец
  • Миљо Понов Камберов (? – 1904) — револуционер од Гевгелија, четник на ВМОРО, загинал на 26 јуни 1904 г. во Падалишта кај Црна Река[24]
  • Михаил Христо Златарев (? – 1904) — револуционер од Ошин, деец на ВМОРО, убиен на 26 јуни 1904 г. во Падалишта кај Црна Река[25]
  • Тане Тумбенчето (? – 1905) — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков[26]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads