Грнчиште
село во Општина Градско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Грнчиште — село во Општина Градско, во велешкиот крај.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во областа Клепа, северозападно од општинското седиште Градско.
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од бронзено време, за што сведочи наоѓалиштето Лака на 2 км северозападно од Грнчиште.[2]
Во XIX век Грнчиште било македонско-турско село во Велешката каза (нахија Клепа). Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 65 домаќинства, од кои 80 жители муслимани и 198 жители Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грнчишта имало 680 жители, од кои 400 Македонци христијани и 280 Турци.[3][5]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гринчишта (Grintchichta) имало 424 Македонци под егзархијата[3] и во него работело бугарско училиште.[6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Грнчишта (Grnčišta) како мешано село, сочинето од Македонци христијани и Македонци-муслимани.[7]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[8]
Remove ads
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Турци и 150 Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Грнчиште е македонско село, а порано во селото имало и муслимани.
Според истражувањата од 1920-тите години, родови во Грнчиште биле:
- Македонски родови: Илевци (8 к.), Карабатовци или Карпузовци (2 к.) и Мишковци (1 к.) овие три рода потекнуваат од Иле, Коле и Мишко кои го основале селото кон крајот на XVII век; Кушковци (5 к.) доселени се на почетокот од XVIII век од прилепското село Никодин; Дашковци (4 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Црквино; Маџаровци (5 к.) доселени во исто време со претходните родови, доселени се од некое село во околината на Колоња во Албанија; Ристовци (5 к.) време на доселување како претходните родови, доселени се од селото Ногаевци; Малинковци (1 к.) бегот ги донел однекаде во средината на XVIII век.
- Муслимански родови биле: Говедаровци (26 к.) се делат на Мутовци, Селмановци, Зуликаровци, Камберовци, Каплановци, Ќилимовци, Смајиловци, Мунишовци-Кусибацевци, Џаферовци и Дурмишовци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Кочилари, по потекло се Јуруци; Мемедовци (4 к.) доселени се од селото Виничани на почетокот од XIX век; Куковци (3 к.) доселени се од Сирково на почетокот на XIX век; Абдишовци (1 к.) доселени се од некое село Татарлија во Овче Поле; Имерчевци (2 к.) и Чабревци (2 к.) доселени се од Оризари (велешко), по потекло се Јуруци; Демировци (1 к.) доселени се од Црквино; Алијовци (7 к.) гранка се од православниот род во селото Карпузовци.[14]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Грнчиште, Виничани, Скачинци.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
Редовни настани
Личности
- Милан Митрев — револуционер на ВМРО, четник на велешките војводи Лазар Плавев и Стефан Димитров[17]
Култура и спорт
Иселеништво
Од селото има иселеници во Турција. До 1924 година 7 семејства се иселиле, од Алимановци и Мутовци.[14]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads