Дамјан (Ениџевардарско)
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дамјан (грчки: Δαμιανό, Дамјано; 1926 г. Δάμιανη, Дамјани[2]), на турски Сулукли или Сулуклу — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 396 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
- За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница
Remove ads
Географија
Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското Поле (Пазарско Поле), 5 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Дамјан било мало, чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Дамија како македонско село.[4][5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дамјан:
„ | На четврт час растојание на север од Алари и на исток од градот, во планинско место се наоѓа селото Дамјани. Жителите се Македонци христијани и се занимаваат со земјоделство и винарство.[4][6] | “ |
На почетокот на 1870-тите жителите на Дамјан биле меѓу ретките села во Ениџевардарско кои биле под врховенството на Бугарската егзархија. Во овој период се обратиле кај нејзината управа да издејствува ферман за изградба на црква во селото.[7]
Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Дамјан (Δαμνιανή) било село со 8 христијански семејства.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Македонци христијани.[9][10]
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Дамјан (Damian) имало 112 Македонци, сите под егзархијата.[9][11] Во селото работела и бугарската пропаганда.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Дамјан, 14 /III, 3⁄4 ч. од Пилурик. Вкупно 16 македонски егзархиски куќи, половината чифлик. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата „Св. Димитрија“ е затворена; таа има 8 погони земја. Училиштето е отворено пред две години. Лани работело прикриено, во приватна куќа, а сега се учи во селската зграда. Второспоменатото е двокатно, само една просторија, голема 4×4×3 со душеме, таван, осветлена од два прозорци без стакла.[9][12] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Δαμιανή) имало 130 егзархисти.[8][13]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 12 македонски куќи.[3] [8]
Во Грција
Во 1912 г. Дамјан е заведен како село со христијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 115 жители (60 мажи и 55 жени), кои во 1920 г. биле 114.[3][8] Во 1924 г. грчките власти го протерале сето население во Бугарија (115 лица), а малкуте тогаш присутни муслимани се иселени во Турција.[8] На нивно место се доселени грчки колонисти од Понд и Мала Азија.[3] Во 1926 г. е преименувано во Дамјано. Во 1928 година селото е претставено како чисто дојденско, со 373 жители од 100 семејства.[14]
Во 1940 г. селото веќе нараснало на 642 жители. Оттогаш населението постепено почнало да опаѓа, и ова трае до денес.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледува пченица, тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.[3]
Личности
- Ѓорѓи Иванов Пешев – Гончо (1885 – 1973) — четник на Христо Зинов и Иван Јанев-Брло; починал во Свети Влас, Несебарско[15]
- Ѓорѓи Костадинов Гинев (Гошо Дамјански) — раководител на месниот комитет на ВМРО[16]
- Димитар Ајгаров (1866 – 1947) — револуционер на ВМРО
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads