Даниел Меклеј
британски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Даниел „Ден“ Меклеј (англиски: Daniel "Dan" McLay; р. 3 јануари 1992 ) — британски професионален велосипедист, кој настапува во друмски, велодромски и велокрос трки и кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[1]
Негова прва сезона како професионалец била 2015, кога возел за француската професионална континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман. Главно како спринтер, Меклеј настапува на фламанските трки и северните класици. Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[2]
Remove ads
Кариера
Јуниорска кариера
Роден во Велингтон, Нов Зеланд, Меклеј бил преселен во Велика Британија како бебе и израснал во Лестер. Меклеј започнал со трки на возраст од шест години. По неговиот успех како возач до 16 години на националното велодромско првенство ја претставувал Велика Британија на Европскиот младински олимписки фестивал 2007,[3] настапувајќи на критериумот и на друмските дисциплини.[4] Изјавил[5] дека не бил многу добар во спортови кои барале координација на училиште и поради тоа имал желба да продолжи да настапува во велосипедизмот.
Меклеј бил одбран да ја претставува Британија на Европското јуниорско велокрос првенство во 2008 година, каде завршил последен.[6]
Во 2009 година, Меклеј станал член на олимписката академија на Британската федерација.[7] Меклеј го освоил бронзениот медал во медисон на Европското велодромско првенство со партнерот Сем Харисон. Исто така ја претставувал Велика Британија на Светското јуниорско велокрос првенство.[8]
Во 2010 година станал светски јуниорски првак во медисон со Сајмон Јејтс.[9]
Во 2014 година освоил етапа на Тур де л’Авенир. Исто така завршил седми на етапа на Трката околу Британија, покажувајќи силна форма помеѓу останатите спринтери.
Професионална кариера
Бретањ-Сеше енвиронман (2015–2017)
Потпишал за професионалната континентална екипа Бретањ-Сеше анвиронман за сезоната 2015.[10] Својата прва професионална победа ја остварил на третата етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго.[11] На првата трка во Светската турнеја во својата кариера, Париз-Ница, Меклеј завршил осми на петтата етапа.[12]
Негова втора професионална победа била на Гран При де Денен 2016, француска трка, победувајќи во спринтерска завршница.[13] Негова втора победа дошла еден месец подоцна на Гран При де ла Сом, поразувајќи го Насер Бухани.[14] Поради овие две победи, Меклеј бил избран да земе учество на Тур де Франс, негов прв настап, и завршил меѓу првите 10 на неговата прва спринтерска завршница.[15] По уште две завршница меѓу првите 10, Меклеј завршил на подиум на шестата етапа зад Марк Кевендиш и Марсел Кител.[16]
Во октомври 2017 година, Меклеј ја освоил Тур де л’Еурометропол, поразувајќи го Антони Тиржис на целта откако Тиржис ја отпочнал прославата прерано.[17]
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018–19)
По победата на Тур де л’Еурометропол било објавено дека Меклеј ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[18]
Remove ads
Достигнувања
Велодромски велосипедизам
- 2008
- 1.
Национално јуниорско првенство - скреч
- 2009
- Национални јуниорски првенства
- 3.
Европско јуниорско првенство - медисон (со Сем Харисон)
- 2010
- Светски јуниорски првенства
- 1.
Медисон (со Сајмон Јејтс)
- 2.
Екипна потера
- 1.
- Национални јуниорски првенства
- 2. Национално првество - медисон (со Сем Харисон)
Друмски велосипедизам
- 2010
- Национални јуниорски првенства
- 1.
Краен пласман Трка околу Велс (јуниори)
- 2. Париз-Рубе (јуниори)
- 6. Краен пласман Три дена Ван Аксел
- 1. Етапа 1
- 2011
- 1. Гран При де Варегем
- 6. Дорпеномлоп Рукфен
- 2012
- 1. Де Дри Зустерстеден
- 1. ГП Жозе Дибоа
- 2. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен
- 2013
- 2. Дорпеномлоп Рукфен
- 4. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Париз-Шони
- 5. Стер ван Зволе
- 5. Текстилпрејс Вихте
- 6. Краен пласман Париз-Арас
- 2014
- 1.
Краен пласман Трка околу Источна Фландрија
- 1. Етапа 2
- Тур де Норманди
- 1. Етапа 3 Тур де л’Авенир
- 2. Дорпеномлоп Рукфен
- 3. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 4. Краен пласман Париз-Арас
- 1. Етапа 3
- 5. Гран При де ла вил де Перенши
- 7. Париз-Тур за младинци
- 10. Трофеј Бомон
- 2015
- 1. ГП Отли
- 1. Етапа 3 Ла Тропикал Амиса Бонго
- 6. Бриселски велосипедски класик
- 7. Париз-Бурж
- 8. Краен пласман Тур де Пикарди
- 8. Велотон Берлин
- 2016
- 1. Гран При де Денен
- 1. Гран При де ла Сом
- 4. Гран При д’Изберг
- 5. Краен пласман Тур де Пикарди
- 10. Краен пласман Букл де ла Мајен
- 10. Схелдепрејс
- 2017
- 1. Тур де л’Еурометропол
- 1. Трофео Плаја де Палма
- 3. Трофео Феланит-Сес Салинес-Кампос-Поререс
- 2018
- 1. Етапа 4 Сиркут де ла Сарт
- 2019
- 1. Етапа 1 Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 2 Трка околу Гуангси
- 2020
- Волта а Португал
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 8. Класик Бретања
- 2021
- 2. Трка околу Лимбург
- 6. Париз-Бурж
- 7. Елфстеденронд
- 8. Краен пласман Букл де ла Мајен
- 9. Сиркуи де Валони
- 2022
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 4. Хејстсе Пејл
- 7. Схелдепрејс
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads