Париз-Рубе
велосипедска трка во Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Париз-Рубе (француски: Paris–Roubaix) — еднодневна професионална велосипедска друмска трка во северна Франција близу границата со Белгија. Од нејзините почетоци во 1896 и до 1967 започнала од Париз, а завршувала во Рубе (оттука произлегува и името); од 1968 започнува од Компјењ (околу 60 километри североисточно од центарот на Париз), додека крајот сè уште е во Рубе. Позната по суровиот терен и калдрмата (коцки),[n 1] таа е една од „монументите“ или класиците во европскиот календар и придонесува со бодови за Светската турнеја. Наречена е: Пеколот на Северот, Недела во пеколот (исто така назив на филм за изданието од 1976 на трката), Кралица на класиците или Велигденска трка (la Pascale). Трката е организирана од медиумската група Amaury Sport Organisation секоја година на почетокот на април.
Првпат возена во 1896, Париз-Рубе е една од најстарите велосипедски трки. Добро е позната по нејзините делови со калдрма преку кои се поминува, па затоа се смета заедно со Трка околу Фландрија и Гент-Вевелгем за еден од класиците со калдрма. Од 1977, победникот на Париз-Рубе добива коцка (дел од калдрмата) како дел од неговата награда.[1] Теренот довел до развој на специјализирани рамки, тркала и гуми. Дупнати гуми и други механички проблеми се чести и често имаат улога во резултатите.
И покрај високата почит која ја ужива помеѓу велосипедистите, некои од нив велат дека ја сметаат за шега поради нејзините тешки услови. Исто така, трката имала неколку контроверзи, кога некои победници на трката биле дисквалификувани од различни причини.
Патеката е одржувана од Les Amis de Paris–Roubaix, група на обожаватели на трката создадена во 1983.
Remove ads
Победници и рекорди
Победници по година
Remove ads
Други трки со калдрма
Париз-Рубе е понекогаш споредувани со други познати трки со калдрма, како Трката околу Фландрија во Белгија. Париз-Рубе е порамен и има потешки делници со коцка, додека Трката околу Фландрија содржи серија на ридови, повеќето со коцки, како Копенберг или Капелмур.
Покрај Париз-Рубе и Трката околу Фландрија, наречени класици на калдрма, други пролетни трки како Омлоп Хет Ниувсблад и Гент-Вевелгем вклучуваат делници со калдрма.
Remove ads
Поврзани настани
Париз-Рубе за младинци или Paris–Roubaix Espoirs се одржува на почетокот на летото.
Париз-Рубе Вело е организирана од Вело Клуб де Рубе секој втор јуни. Им овозможува на аматерите да ја искусат калдрмата, завршните кругови на велодромот и врнежите. Постои избор на три патеки: 120 км со поголемиот дел од делниците со калдрма, 190 км на сите делници со калдрма или сите 261 км. Сите што ќе завршат добиваат мала коцна на мала дрвена плоча.[5]
Белешки
- За Париз-Рубе често се вели дека е познат по неговите делови со калдрма, но ова е погрешно, бидејќи деловите се поплочени со гранитни коцки, груби делкани блокови, кои се значајно помазни и побезбедни отколку вистинската калдрма (издигнати округли камчиња често користени во старите градски јадра).
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads